дека (сврз.) - зашто (сврз.)

Имено, уште тогаш, уште во пролетта во 1857-та, некои овчари го нашле убиен, и иако никој не знаеше да каже зошто и како, никој и не рече гласно, но сите помислија дека го убил Максим и дека зашто убил пиле, сеедно дали погано или добро, важно пиле, кое ниту му јаде ниту му пие, го стигнала казна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Новиот прилепски учител, некојси стружанец, Димитрија Миладинов се вика, кај Тимона на дуќан сам расправаше дека зашто се учел на грчки, сосема си го заборавил мајчиниот јазик и се однародил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)