Сето друго им беше туѓо, збунувачко, непријатно, непознато. Без оглед дали им се допаѓа или не.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А воедно кога почна да се чини дека може техниката со телевизијата и компјутерските мрежи да се погрижи сето знаење да дојде во секој дом, тогаш потрошувачката логика ја уништи културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Опитот го издржаа само оние на кои музиката во сите нејзини појавни форми им е љубов, во сите нејзини варијанти и варијации, верзии и жанрови. Во недоумица, така, дојдоа сите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секако: индивидуите не се лишени од осознавање; напротив: можеме да речеме дека првпат во историјата на Западот непосредно е на располагање целокупното духовно наследство на човештвото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Чанга му рече категорично дека првпат во животот некого моли, па најпосле татко ми, гледајќи нè нас децата, попушти.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И ме гледаш, и се разбираме со поглед, и јас подавам рака, а ти клучот ми го даваш, оти знаеш дека првпат јас самиот сум решен на твоја страна да бидам, дело гнасно да учинам, за да те спасам од логотетот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Откако занаетчиското посредување на енциклопедистите го заменија Џебните книги, видео касетите и банките на податоци, нема веќе материјални пречки за ширење на Просветеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)