дали (сврз.) - на (предл.)

Остана да се думам на кого да му верувам: дали на кажувачите кои Марко Цепенков ги слушал и сказните им ги запишал, дали на Караѓоз и на Ване Мицо, што моите ушти ги слушаа, моите очи ги видоа и мојата душа ги запиша?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, си рекол сам со себе Силјан, дали на Крушово се наоѓам овде и го гледам нашето поле?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Не можам да се сетам”. „Ќе се сетите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали на 10 ноември 1937 година на свеченост во Ерусалим при која Метаксас е воведен во Златната книга и држел говор во полза на идеите на Ционизмот, Вие држевте беседа во негов прилог?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зборот „cyber” беше редефиниран (во Речникот на американското наследство) како „теориско проучување на контролните процеси во електронските, механички и биолошки системи, особено протокот на информации во тие системи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ралф Валдо Емерсон, Природа Зборот „кибернетика” го смисли Норберт Винер (Wiener); во 1948-та тој напиша: „Решивме целата област на теоријата за комуникација и контрола, сеедно дали на машини или животни, да ја наречеме кибернетика; зборов го изведуваме од грчкиот збор за кормилар (сиц!).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Навечер дома седнуваше уште понастрана од него и уште построго го гледаше прашувајќи се дали на деда работата му е чиста или навистина, како што велат селаните, не му е.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако ја праша колкупати го има расклопувано оној кревет до комодата? и дали на него се имаат грвалаено? и по колку пати на ден?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Којзнае дали на сите вака им иде кога ќе се сретнат со смртта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе умре, не знаејќи дали на безвреме умрел. Речиси така, незапаметен од луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш еден стол се скрши. Не знам дали на мене или на него се скрши столот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)