да (сврз.) - треба (гл.)

ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие најодвратен лек. Отпива малце.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПЕТРИЈА: (Зела од тавата и му дава парче цревце.) На, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ах, - си мислев, - да требаше да доаѓа со нас и мајка ми, колку многу нервози ќе имавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ ќе помине божем како да требало така да се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас нагло станав, како да требаше да се избавувам од некоја неволја.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Двете ороспии прво мислеа мајката да се премажи, а ќерката да се омажи, ама се откажаа од тоа од страв дека во ова време повеќе имаат можност сега и на двете мажите да им бидат истерани од работа и да треба да се издржуваат не само себеси, туку и уште двајца здрави-прави бадијалџии.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мило ми беше што ме одби зошто ќе беше вистински циркус да требаше да ме придружуваат двајцата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никогаш не ме консултираше како да требаше да бидам шаблон на жена, безгласна буква.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бошко ја тргна раката како жар да требаше да фати: - Не, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)