да (сврз.) - заборава (гл.)

Нареди да се симне сиот сомот од палатата и да се замени со светлива чоја која е мазна, мека и не чкрта во раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само немој да забораваш, продолжуваше понатаму, дека во себе носиш барем едно од оние мои три зрна, а местото, каде што го носиш него, не ќе да е многу згодно за тебе, штом продолжуваш да крвавиш вака, по целава оваа долга трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, колку што повеќе минуваше времето, нему – наместо да заборава – сѐ почесто во сеќавањето му се јавуваше мислата на затворот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А почна и да забораваш! – се потсмева Ристе Блажевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеш, ете, заборавив... штом ќе се оддалечам од елените, почнувам да заборавам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Времето за драпање уште не пристигнало – велам јас - Службено ти доаѓам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ти и нема што да забораваш“ - му вели жената. А тоа е најстрашно обвинение за уметникот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Денот клика возбудено: памети ме, памети ме, ко пролетни води твое сум разливање, а ноќта: пополека сѐ да забораваме.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Речиси почнувам да заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите две раце и да се биде мирен и задоволен. Јас сега заборавив што е тоа мир и задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)