бидејќи (сврз.) - сум (гл.)

Покрај познавањето на литературата, битни беа и сознанијата за европското сликарство, бидејќи сум мошне заинтересиран за постренесансното време, уметноста на контрареформацијата и барокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Драги мои дами, бидејќи сум единствен кавалер меѓу вас, имам еден предлог.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поимот на текстот, бидејќи тоа во одредена ситуација ми се причини како неопходно, јас од стратешки причини го поопштив и како текст ги означив еднакво како институцијата така и политичката ситуација, телото, танцот итн., што очигледно даде повод за многу недоразбирања, бидејќи сум обвинет дека се текстуализирам, дека целиот свет го ставам во книга, што е очигледен апсурд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш јас сум добар бидејќи сум потполн, но и лош истовремено, бидејќи не сум потполн со себеси, па оттаму сум нереален.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ви велам оти е можно, а еве како: Доаѓа време на Потопот, а јас, бидејќи сум грешен, се кријам под врвот на планината, во пештерата меѓу костените, до гробот на последниот калуѓер кој ја испушти душата своја некаде по последната Голема војна, ослободителна и револуционерна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Цел живот сум работела, бидејќи сум морала, сум се вклопувала во нечии шеми, никакви креации, никаква слобода во работата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тоа како ритуал го гледав секое утро зашто како вампир сите ги заспивам, а потоа прва се будам и бидејќи сум сама, им берам гајле на сите де, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мора да кажам дека со многу професии во животот сум се занимавала и, бидејќи сум шкорпија со подзнак шкорпија, сите сум ги работела со љубов.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во „Патувањето на крајот на ноќта“ вашиот јунак се јавува доброволно, бидејќи е привлечен со војната музика.  Ма не, тоа е измислица.  Дали се пријавивте од патриотски причини или откако сте почувствувале дека тоа е Ваша професија, или поради некаква наклонетост...  Поради некаква наклонетост, бидејќи сум лиричар, то ест малку чукнат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги прошетувам низ мислите сиве овие прашања а знам дека се потсмевам на самиот себеси бидејќи сум свесен дека всушност јас и не се трудам премногу за да најдам објаснување за причините што придонеле да заскитам во лавиринтот на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И бидејќи сум и во орекстарот, и во еколошкото, ќе бидам на двете места, па за сè ќе ви раскажам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се пееше, се прераскажуваа приказни, среќна бев кога пеев, а и приказни знаев најмногу од сите, знаев и умеев да ги раскажувам, бидејќи сум ги читала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Ах, тој пак со истото, јас така и претчуствував затоа што има мирис од него, тоа тој се врти!“, проговори Авдотја Игнатјевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Не се вртам јас, мајчичке и нема од мене никаков таков особен мирис, бидејќи сум сѐ уште во целосното наше тело, како што е, се сочував себеси, а ете вие госпоѓо, веќе така се начнавте - затоа и мирисот е навистина неиздржлив, дури и за ова место. Само од учтивост и молчам“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во еден поран есеј, се обидов да ги покажам епските призвуци што лежат во основата на неговата доцна поезија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас живеам, си допуштам себеси да живеам, за Борхес да може да ја кова својата литература, и таа литература го оправдува моето постоење“. Чинот на пишувањето се појавува овде, ако не како должност, тогаш како нешто налик на мисија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во ТВ интервјуто дадено на Вилијам Бакли 1970-та, Борхес прецизно рече: „Мирно ќе ја примам смртта, бидејќи сум мошне уморен, бидејќи во животот останаа премалку задоволства за мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото најголемо задоволство беше, се разбира, пишувањето, и тоа посебно пишувањето поезија, но дури и на чинот на пишувањето тој гледаше како на актерска претстава: “Ги сакам песочните часовници, мапите, типографијата од 18- иот век, вкусот на кафе и прозата на Стивенсон; оној другиот ги дели тие склоности со мене, но толку самобендисано што ги претвора во својства на еден актер /.../ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 211
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)