Честопати одев до неговиот дом; ако беше ден – тропнував на вратата, ако беше мрак – погледнував дали има светлина зад завесите; но таму беше пусто, онака како што беше и во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чувствував како ме растргнуваат љубовта и омразата, и едната и другата ме водеа во очај, затоа што немаа каде да паднат: бев отсутна од животот на оној кому му беа упатени, а тој за мене беше поприсутен од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Порано, во помлади години честопати одев горе и од таму, од Цуце, со дуљбија ја гледав нашата куќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)