таму (прил.) - кај (предл.)

Афирмирањето на молкот во период кога сѐ (и каменот, и птиците, и татковината, и огништето, и мајката, и стракчињата трева...) се подготвува токму за него, новите песни на Анте Поповски забрзано ги населува таму кај што досега не биле: во пределот на стравот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пред тргнување, еден пријател ми рече: „Таму кај што одите има многу евтини чевли. Речиси багатела.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ние братучедите, таму кај селската црква, со радост го чекавме секое пристигнување на автобусот Татковците кои беа во градот по возачите ни испраќаа големи лубеници.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Спобудалува кога не можам да му ја задоволам желбата“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Август стои пред кафезот на стариот лав Цезар; без мисла е, студен, со камен в гради, таму кај што имал во младоста срце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ама пусти страв, дека срцето нешто ќе побара таму кај Шадрванот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вирее и таму кај умираш, на полиња распослани и брегови, под лед и под тежина, како билка лековита, под коров, додека го корнеш и во истиот миг или ја собираш за да се удвојува или исчезнува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)