таму (прил.) - му (зам.)

Не чекајќи да се доразбудат другите излезе во дворот за да се исплиска на чешмата, а таму му дојде Богатин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мислиш дека душата уште таму му скока и се тркала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму му биле синовите. На ука.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- За каква слама говориш? - За сламата на неговата кола. Таму му е скриена пушката...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А вие, гледам, навистина ќе му ја палите облеката на оној горе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)