скраја (прил.) - да (сврз.)

Одеднаш - утка : У-у-у... у-у-у... Баба Петра се крсти до трипати. - Скраја да е... откај нашата чатија...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Колку повеќе ороспилаци толку повеќе релаксација и задоволство Пу пу скраја да е голем срам и бербат Макар што и ороспилакот таму се релативизирал Отшто бил многу широк и допирал многу однесувања и професии
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Цело време тој зборуваше само пред Евреите, оти не го познаваше добро јазикот на неверниците- Римјани, ниту пак оној на Галатејците, Кипраните или, скраја да е, на Македонците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Рекла: „Јас дојдов за маж, а не, скраја да е, за... ѓавол...“ Тоа уште повеќе му ја доразболило душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Избави нѐ од лукаваго... избави нѐ од лукаваго... повтор повторува - избави ме од помислите на мачно минато... да не ми се скориваат темни јадови... не бидува - да не би - Скраја да е! - да се вратат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)