секогаш (прил.) - прв (прид.)

Ги посетуваат граѓани за кои се резервираат секогаш првите редови во партерот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секогаш оддалеку ме поздравува, секогаш прв ме поздравува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но, веднаш ќе додадам: со појавувањето на Ѓурчин во моите размисли многу често наидуваше и една цеала толпа горчливи сознанија!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѓурчин е секогаш првиот што ми иде на ум кога ќе се обидам да го изнесам надвор од себеси оној куп ноќи и денови, што повеќе наликуваа на сон а не беа ни сон ни пуста надеж туку многу често се прелеваа и во реката на недосонуваниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Победникот е секогаш прв и еден!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)