релативно (прил.) - мал (прид.)

Во типологијата на писмото воопшто консонантно-силабичкиот систем на писмо се појавува како чекор напред во споредба со силабичките системи на писмо, или уште повеќе, со силабо-логографските системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гемиџискиот кружок бил составен од релативно мала група македонски младинци, од кои најпознати биле: Јордан Попјорданов, Костадин Иванов Кирков, Димитар (Диме) Мечев-Мечето, Илија Трчков, Владимир (Владо) Пингов, Георги Петров Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Попјорданов - сите од Велес, потоа: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Цветко Трајков.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)