првпат (прил.) - да (сврз.)

Ова проткајување ни овозможува за првпат да ја видиме врската помеѓу философското барање за чистота, гледиштето дека жените на некој начин се непрочистени, подреденоста на жената, и „вирилната хомосексуалност“ (вид машка сексуалност која што Ева Сидвик ја нарекува „хомо-хомосексуалност“, јасно предочена со тврдењето на Жан Жене дека „мажот кој ебе друг маж е двапати маж“).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оти позгодно е да се поправаат после, отколку првпат да се создаваат.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Студената плоча чувствуваше како му ги лади вжештените усни кои трепереа од возбуда и радост, ја бацуваше неговата икона и ја гледаше како првпат да ја гледа, ги гледаше очите на светецот кои светкаа задоволно, радосно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не е ова првпат да цртам ромбови. Не квадрати, не правоаголници, туку ромбови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мехмед-паша се накашла: „Тебе, како аза, не ти е првпат да влегуваш во уќуматов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Иринка ги отвори очите. Чудно гледаше. Како првпат да гледа: збунето, изненадено, уплашено, радосно... Сѐ наеднаш!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе две години, откако поизрасна и откако со скок успеа за првпат да се фати за гредата, оваа вежба му стана омилена забава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Миговно Ѕвезда посака дланките да ги тргне, лицето да го крене за првпат да погледне - очи в очи - да погледне очи момчешки!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Му зборувам ете така, прилично горчливо, но без лутина во гласот, а тој ме гледа како првпат да го видел моето лице. И не е многу е среќен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ристе ме погледна како првпат да ја слушнал порачката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А рековме, покојницата била за цела глава пониска од тебе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Што? Си одат? Толку рано? - се чудиш, како навистина првпат да си во театар, односно во театарско бифе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Малинка и Златко ги гледаат трендафилите. Како првпат да ги забележуваат. Навистина се убави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Што?“ „Тоа е првпат да признаеш дека се чувствуваш осамен.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)