после (прил.) - ја (зам.)

Бил шест месец в болница. После ја силувал и сега лежи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АЦО: И додека беше Германецот таму, се на „вие” со мене. После ја смени песната.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Соколе во турско учеше до трети клас во Солун, после ја напушти школата и работеше како бакал. Сега е стар за работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И после ја натерал да врзе црна шамија и да клекне да го истажи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Остана така, дури цигарата не зеде да му ги пече прстите, а после ја фрли и загази кон смреките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Место сето тоа, тој само зграпчи една рака од таа црвеникава мека раздробеност, а после ја пушташе да му се рони меѓу прстите, паѓајќи исто онака безшумно, пепелаво и право, како и густите ситни преспи на снежинките во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После ја спраштуваат назад. Сега тие бегаат кон окопите свои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)