поскоро (прил.) - да (сврз.)

Затоа читањето пиеси треба што поскоро да го одомаќиниме во нашиот театарски простор.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Окупационите власти кого поскоро да го задоволат?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слободата на Македонија, за која Грција истури реки крв ние ја гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само поскоро да стигне. Мислеше ќе ѝ искочи срцето од градите кога седна до шоферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Идејата што на Едо писателот му падна на памет при средбата со својот истоименик, не само што му се допаѓаше туку го правеше и нестрплив што поскоро да ја оствари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што е најважно, се разбуди со чувство не само дека се наспал туку и дека се преспал и со копнеж што поскоро да излезе од постелата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука сме, си рече авторот, ја фотокопира веста и излезе од библиотеката на Домот за печат не само задоволен туку и решен што поскоро да замине за Битола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Замореност стоеше на неговото побледнето лице и двајцата сакаа час поскоро да се заврши тоа измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поскоро да избега од тоа жестоко чувство дека е виновник и изневерник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Миха гледаше да го избегне одговорот, па побара време да размисли, а стариот му препорача што поскоро да се реши за да има кога да ургира на соодветното место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги слушав зборовите на моите сестри кои најавуваа ужаси – а пред моите склопени очи, наместо апокалиптичните настани за кои зборуваа тие, се појавуваше само испружениот заврзан показалец на брат ми, кој мафташе во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мораме што поскоро да му соопштиме на учителот ... - рече Коле и го зафучи во трњето парчето чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Трчајте в село и што поскоро да ми се донесат парите, оти, жими вера, имам и друга работа. Ајде!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)