одоколу (прил.) - да (сврз.)

Таа само наговестуваше една желба и тоа од една единствена причина: сакаше сите одоколу да согоруваат по неа од љубов .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А сакам, така, одоколу да го помолам да не си го кине срцето. Така ни било заведено од наречниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па ако било така зошто да не поверувала оти е нормално да биде посакувана и од оној на кого Господ посебно му го доверил правото да избира помеѓу повеќе жени бидејќи тоа и него и нив ги правело среќни?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Почна да го наговара одоколу да остане и налето момок, може не ќе жние токму со аргатите, ќе помага нешто на булукчиите, а и нему ќе му биде десна рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)