одамна (прил.) - ја (зам.)

Кај Сукаловци животот почна да си тече нормално. Мажите одамна ја привршија сеидбата; жените ги уредија каците и легнаа на женските работи околу разбоите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тие... тие сиот живот го минале на Венера, и имале само две години кога сонцето последен пат изгреало, та одамна ја заборавиле и неговата боја и топлината и вистинскиот лик.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Моралот одамна ја мина точката на замрзнување во која со децении беше и сега е длабоко под нулата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Ах ние жените, зошто сме создадени волку слаби и беспомошни - шепотеше Анастасија додека удараше по перницата, иако, одамна ја беше извлекла од под навлаката и последната прашинка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А кога војниците ѝ објавиле крај на војната имале и што да видат, убавицата веќе одамна ја имала загубено убавината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше тоа нивна песна, а одамна ја немаше слушнато.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги најде седнати и молкнати, една до друга на одарчето, загледани во вратата чиниш одамна ја очекуваат токму неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој одамна ја познаваше азбуката на идеите, на животот, а сега научените знаци само уште повеќе ја забрзуваа неговата луцидна мисла.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)