обично (прил.) - ја (зам.)

Во оваа доба обично ја наполнуваше печката така, што се чинеше само уште што не тргнало да полета од разгореност, тоа огромно буре, а потоа, издолжен на креветот, или притивнат на прозорецот, продолжуваше да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Црвената шамија потоа ја носевме дома, и одвреме-навреме кога ја пречекувавме Штафетата или нешто слично ја проветрувавме. Обично ја врзувавме над сината кецеља.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мајка обично ја држеше вратата отворена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Чудно, не сум го видел вашето лице на екранот, а таа телевизија обично ја гледам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бидејќи мескалинот е доста скап за производство, дрогата обично ја мешаат со ЛСД, амфетамини и многу поретко со ПЦП.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)