ко (прил.) - на (предл.)

Ми потфрли една кутија „ракета“ и кибрит. Ко на куче на масичката пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко на куче, ко на трнче ќе ти помине, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исто ко на женски водици во Вардар кај Вруток.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се врти ко на трчање, што се вели, да не знаеш кај си подзапрел, а каде си продолжил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да се оближувам, ми дојде да пометнам. Ме поткопаа непцата. Исто ко на трудна жена што ѝ иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се давиме ко кучиња, а и ноктите ни растат ко на кучиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им потписнуваат плачните гласови ко на сеници, на кукавици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја алкаме така ноќта, газиме ко на јајца, одиме ко на јајови.