како (прил.) - да (сврз.)

Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пукањето како да подојдува, се слуша уште појасно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Големата болка како да помина. Отокот на ногата ми спаднува, ме јаде, ми се лупи околу преврската.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото слушам гласови. Како да ми идат од преку некои ѕидишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„А што е тоа ревитализација?“ „Како да ви го кажам тоа?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега кога поттикот што го даваше болката беше отстранет и изгледаше како да ја загубил сета способност за интелектуален напор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На човекот одеднаш како да му стана јасно нешто што било толку очигледно, а тој до овој момент не го знаел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Марче покажа беспомошно на отворените скрипти околу нејзиното раширено здолниште, па одговори како да се извинува: - Гледаш, учам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седнувам и слушам некои шепоти однадвор. Нејасно, како да ти кркорат цревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа не зборуваше. Тргна накосо преку тревата, како да сака да се откачи од него, а потоа изгледаше како да се помирила со тоа дека е покрај неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Широките рамења му се спуштаат низ рацете, како да крева нешто од земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Професоре, како да го исчистиме кршот?“ „Немаме гребло и лопата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Немам кога и како да се покајам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не биди ни сигурен дека знаеш како да подучиш - самиот учи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Четката на уметникот како да ги одредила маргините на студенилото на човековата душа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не знаејќи како да ја смири, безволно ѝ ја подаде на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А луѓето како да беа пак тука, в село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Под ноктите ѝ влегуваше кирта од кожата, ама јадеж не ѝ се јавуваше. Како да чешаше туѓа глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама отсега Алах ќе те учи како да живееш, и толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оти дури го кршев нешто како да ми ја тргаше раката, како да ми ја враќаше назад. Го кршам, а мислам дека прстите си ги кршам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас си ги заборавив очилата врз машината што пере сто пара чорапи, како да чувам деца стоногалки, па не можам да ги постасам ни со перење ни со сушење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А јас кога ги гледав низ жичаната ограда, ми се чинеше како да гледав кавалеристи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како да се плашиме да не застане нешто меѓу нас...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вајаше, милуваше, обликуваше скулпторот, а со тоа како да се спровираше низ сопственото крвотечение, низ капиларите, низ свиоците на мозокот, низ талозите од годините и собитијата, низ честичките што Живот се нарекуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како да ми поминува со перце од пиле по неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Е кај се де, велам, не знам како да му кажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одамна оваа грдомазна железна конструкција не светеше навечер, а преку ден стоеше изгубена меѓу покривите, на височината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако безброј пати повторно се обиде да ја види Марија, Сатурн ги презеде сите возможни и невозможни мерки за да го добие таа неговото писмо, но и тоа беше залудно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нема како да се разделиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, ја запеа на микрофон „Ајде слушај, слушај, калеш бре, Анѓо“ и ги собра сите симпатии и ја побараа и на „бис“, како да е Виолета, и таа ја отпеа и „Кога си тргнав на туѓина“, а мајка ѝ се расплака, нејзе и Центар ѝ беше далеку зашто, нели, со „два реиза“ мора да оди на гости кај ќерка си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тенките рамења беа наведнати напред, така што правеа длабнатина од градниот кош, сувиот врат изгледаше како да е превиткан на половина под тежината на черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да сака нешто да досегне, за нешто да се фати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој како да ги онемел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„А тоа не е крушка, туку чашка“, му велам јас, „и не ти турам повеќе ни капка, доста пиеше“, а тој воопшто, како да не ме слуша!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа полека стана, се исправи, направи полукруг и, како да сонува, ги рашири рацете. Лебед, вистински лебед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некој како да ми ја потргнува земјата, како да ми ја истргува од под нозете. Ме опчекува една широка темница и сум се плеснал на земјата. Крај патот. Во бозјето, во коњскиот пипер, во копривите сум се плеснал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тетин ми испушти краток здив низ носот, како да негодува, но не го крена погледот од супата така што не сфатив што всушност сакал да каже.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да носел секој ден сѐ исто, едни пантолони и една кошула, и еден џемпер и виндјакна зиме, а сега ги немаше, ги скрил или ги фрлил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За тие луѓе шанкерот секогаш ме предупредуваше како да ги служам, а јас на тоа му велев: - Ма кои се тие, јас не ги знам, какви политичари, исти се тие како сите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од другата страна на Вангела се размрда Родна, ама тоа го правеше така како да си е само со својот Петар во затворена одаја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само понекогаш ме измачува прашањето како да постапувам кога желбите ќе ја надраснат дарежливоста на реалноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа потенцира дека е крајно незадоволна од недоличното однесување на судијката- претседател на советот (Л. Ивановска) – за време на парницата, таа како да имаше аверзија од тоа што Зефиќ 76 претходно била директор на КПУЗ- Скопје и, за време на распитот во својство на странка, цело време тенденциозно ја опструираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас, будала, се средив, се намирисав и се враќам во постела, а тој, како да ми е брат, спие!”, се јави сопругата негова, а цариничката слатко се изнасмеа и, пак погледнувајќи нагоре, викна: „Стави во тавчето зејтин, не штеди!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Како да се надигнеме? За еден ден не се изодува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Две налице, една наопаку, што се вели, како да плетам чорапи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да сме дошле во некое небесно црквиче и тука да сме запреле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека минуваше покрај телекранот, на О'Брајан како да му падна нешто на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како ме опсипуваше со внимание, посесивните моменти и стресот од неговата желба да се поседува живо суштество како да е предмет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ова радио како да беше споулавено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Избегнување на злото и учење како да му се спротиставиме. Само со издигнување на божјото име и волја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не беше штосот во рингишпилот туку во една финта што таа ја имаше смислено за да се забавува: како да се возиш колку сакаш, а само еднаш да купиш карта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пукаат и пеат, а устите им се зацрвениле, како да имаат неизбришани капки вино.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Околу куќа, вели Јон,трипати околу куќа ќе куцаш, вели и си ја чеша брадата од рамото, како да трга грибло со сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Генсекот кој како да не им веруваше на своите уши, сакаше пораката да ја провери со своите очи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Девојките пееја и се однесуваа како да се на ученичка екскурзија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А да ти откријам една тајна: Правта, што се гледа, најлесно ќе ја избришеш. Што се вели, дури и со поглед.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да експодира некој презгуснат простор во чие средсреде бев јас и сега честичките се разлетаа на сите страни како снегулки а јас половам среде тој облак од снегулки што се шири, се шири...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Утре в училиште сите деца ќе велат: - Мачето од Милка е најубаво! Нацртано е како да е живо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Е, се спуштаме едно утро во длабокото, а мајсторот како да ги насетува моите страдања“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-Требаше да се преврти секаква литература...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ни застанаа вака, од страните, и нѐ држат на око, што се вели, како да нѐ носат спровод.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А тие, булкиотите, погани луѓе! Се зборува дека тие таму, во Булкес, учеле како да се биде командант, а најмногу како да се биде комесар и.. И кодош...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не Риста, се налути Андон како да се кара. - Ристо е арабаџија од нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но посебно оваа девојка му оставаше впечаток како да е поопасна од повеќето други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од кафезот се слушна жестоко цивкање. На Винстон му се чинеше како да допира од голема далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Два меки тампона, кои како да беа малку влажни, се залепија за слепоочниците на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беличот како да имаше однапред смислен одговор на ова неизбежно прашање. – Јас не бев тогаш дома, а него не го примиле. – Зошто? – Бил малечок. – Колку години имаш? – Кој, јас ли? – Ти. – На Петровден наполнив осумнаесет – излага Беличот. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сега веќе и сонцето како да поостина и буките почнаа да мрдаат. Да стануваат повесели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и кожата ѝ е рапава и како да се држи понастрана од нејзиниот костур.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ние му се претставивме и го замоливме да нѐ упати како да излеземе на автопатот што води за Тирана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За доказ на својата теза во интимното друштво, во залезните години на животот, кога луцидноста не го изневеруваше, Бургиба им ја читаше на убаво негован француски јазик на свои пријатели и познати политички државници кои го сакаа и почитува, поемата на Алфред де Вињи Смртта на волкот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каков можеше да биде тој? едно беше познато, се колнам, секој што ќе посегнеше врз него потоа како да ја губеше моќта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го пофаќам, а после не знам како да си ја избришам раката. Ја тријам со лапајцата што се топи на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговите зборови ми висеа над свеста како Дамоклов меч. Времето како да му даде за право.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што ли прави ова дете без контрола?“ се фати за глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Однадвор ќе пропрска роса на стаклото, како да кивнал некој од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да чади, како да не чади.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некое време кучето скока од скутот на жената и стрчнува кај Богдана како да го познава и му скока во скутот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но откако ја излечи, таа пак не го оставаше да ја соголи, пред да му го издраска лицето со ноктите и пред да списка како да ја коле некој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По ова, како да се потплаши болеста и луѓето продолжија да ја собираат летината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да е тука зад меѓата, па јас веднаш ќе можам да му кажам. 97
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како да разговараш со некого - вели тој - а јас никого не гледам!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не е тешко да се пронаоѓаат, дури и да се предизвикуваат, но еден предуслов е обврзувачки: потребно е приклонување на луцидната мисла за прифатливите разлики ВО складноста, неплашење од случајната средба (која и не е тоа) на чадорот со машината за шиење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стојам така обесена на патериците и не знам кај да се свртам, како да се преместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тројца од нас братучедите, односно јас, мојот брат Тома и братучетката Целе смисливме начин како да дојдеме до вкусниот локум.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И што не ќе се чуди: фустанот како да не стои на мене, како да е наврен на прачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пијалокот беше како азотна киселина и, што е уште полошо, при голтањето човек имаше чувство како да добива удар со гумен пендрек по задниот дел од главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ох, мајко де!... - гласно воздивна Аргир. Како да измери праведно кого да отпушти од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Болен си“, бездруго рече домаќинката. „Зошто стануваш?“ Прашав дали сум во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, мои мили, вие треба да научите и тоа задолжително ќе го научите, како да ја употребувате пушката, што речено со други зборови, како да стрелате и како да убивате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како да е одовде донде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да му беше непријатно што си дојде дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да правам, златен Господи?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но тие како да решиле да постапуваат спротивно од мојата волја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како што се приближувам кон човекот така сѐ повеќе го препознавам. Како да е тој, како да не е тој, ама тој ќе е.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беше место без темнина: сега сфати зошто О'Брајан изгледаше како да ја препозна алузијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ливадата наоколу е полна со сонце и со птици.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа пак се исправи и неговата висока конструкција, со своите седум декади од животот, што му тежеа како седум посебни товари, крцкаше како да имаше песок во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Јурејќи, се сретнуваш со смртта. Слушаш некое од децата во сонот, во тихата, глува ноќ, вриснува како да му ставил некој нож под грло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Манукот, манукот е долу! - чу Веле како извика тивко некој и осети како да му падна нешто на главата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знам, судејќи по студенилото на сивилото дека овде ни месечина ни сонце не греат. Сѐ како да е небо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Козите на Чанга како да си го знаеја редот, па сега ова негово непредвидено истрчување и запирање пред непознатата коза не ги предизвикуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но јас силно го чувствував притисокот на изгубените клучеви кои како да ја отвораа вратата на лавиринтот. Но и тоа мина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама како да ги поминеме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ме гледа, ѝ мрда устата, ама збор не пушта, не знае како да ми каже. 259
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со овие музеи повторно се планираше, проклето се планираше како да се убие Бог засекогаш во човека, да се убијат разликите, верувањето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама, како да убиеш беспомошен човек?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да комуницираш со иднината? По самата природа на работите тоа е невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До нив, како да се веќе под иловица, достасува ехо, двојно, на два јазика, но со иста смисла, нешто како ако ти е жал за мене , земи копач откопај ме.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беа сретнати, со тој мал снежен простор меѓу себе, сковани меѓу тие стебла, со сета морничавост, што се точеше од очите на волкот и просто како да му полазуваше по секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И на тој збор и јас се загледувам нагоре, низ буките што се мрдаат, како да ги брсти гладна коза.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ма, ти од многу зборување воопшто не ме регистрираш, како да зборувам низ ветер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бев заустил да прашам случајно да не се случило нешто несакано, непредвидливо… а можеби имав речено… или спомнато нешто необично, бидејќи наслутував делови од некои патеки… но Дуда се чинеше толку несреќна додека доаѓаше или си заминуваше… и тогаш сфатив дека Дуда всушност ми раскажува за себеси; за проблеми што се чинат толку тешки а таа храбро шета по нивната смешна страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Како да не гледам, Лазоре, велам, кога толку жално рика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каква стапица е ова? Како да одговори?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Убиецот бара прошка: „Како да се молам и како да простам кога омразата си го пронајде своето почивалиште во моево срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знам што да сторам и како да ја успокојам мајка ми: ќе пукне од плачење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ПЕТРИЈА: (Зела од тавата и му дава парче цревце.) На, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
XVIII Градот како да беше под окупација поради ненадејната појава на Чанга со козите. Властите и партијата беа првин збунети, но бргу се созедоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас се тргнав. Како да ме допрел во рана.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Нѐ прегрна и двете притискајќи нѐ, како да не си веруваше на очите, откако ја видел грозната слика на урнатината во која се беше претворила нашата зграда.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Трново личи на Титов Велес. Обата града како да полазеле во височините, по острите и стрмни брегови на реките, кои ги создавале и длабеле кањоните, по кои се начичкани куќарки како од приказна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Настана непријатна тишина во која тетка Олга остро ја погледна тетка Марија како да кажала нешто што не треба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веќе се растураше пазарот, му плативме на анџијата за сеното, а слушаме вика човек. Ќе си одиме, не си одиме, ама нешто како да нѐ натера да појдеме кај човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немаа време ниту да седнат. Задушувајќи се во солзи, Марија му раскажа за бедата во болницата, за варваризмот на болничарките, за храната која како да е за кучиња, за бескрајните ноќи во кои не можеше да заспие од ужас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нели, дури ни името не му го спомнуваше? Како да беше мртов. Или загинат во Војната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да најде тиква печена. Ја гледа мината поднасмевнато, вели, и ја потклоцнува со ногата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа беше една од продолжените форми на нивната љубов, која не можеше да заврши, за која и самата смрт како да не беше дефинитивна пречка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Излетите на Витоша, всушност, како да станале посебна пасија на жителите на главниот град на Бугарија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сончањето на балконот правеше да се чувствувам како да сум на некоја плажа во Сен Тропе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меткајќи се меѓу својата безвредна стока, со долгиот нос и дебели очила и со поднаведнатите раменици под сомотскиот жакет, тој секогаш оставаше впечаток како да е повеќе собирач, отколку трговец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се разлеваат кристалните гласови од жените, небаре камбани на студен Велигден, а јас се мислам како да се престрашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа стоеше пред него исправена, со насмевка на лицето малку иронична, како да се прашува зошто толку бавно реагира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Препуштени сами на себе, како добиток пуштен слободно по висорамнините на Аргентина, тие му се вратија на еден начин на живеење што изгледаше како да им е вроден, како на еден вид прадедовски модел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како мајка ми излегувала во тесно здолниште како пикната во еден панталон и во фустани врзана како оса на половина, како вујко ми Вангел ја залижувал косата, а баба ми му велела дека е како да го лижела крава...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Лицето на Ѓузепо му беше црвено како да боледува од црвен ветер, носот како мегленска пиперка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се освестил, го прашувале за сѐ и за сенешто, а тој занесено и преплашено раскажувал како да бил потонат во некој сон: - Ме фатија некои одзади, ме стиснаа со шамија за устава, очиве и повеќе не знам ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И како што сум се наведнала еднаш така, од многу тежина беше сум... како да го кажам тоа, устата ќе ми се пострупи ако кажам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стравот на сиромасите како да можеше да се победи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веќе се мислам како да му ја расцепам главата на Никифор, со куршуми да му ги издупам ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Елените како да прелетаа преку шумичката.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можам од него на раат да се напијам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се качи горе на проповедалницата, тој се потпре со рацете на пармаците, се заниша, како да се токми в небо да се фрли и извика: „Народе! Луѓе, жени и деца и сѐ што е господово. И кој ме слуша и кој не ме слуша...“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Кога дојде до Милка застана и како да се зачуди.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Кажи, како да те викам?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тој моча, а јас се мислам, што да правам за потаму. Како да се вратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Спасиба, спасиба, велам и не знам како да се вратам, како да ги наведнам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А како да му видов солзи да му се покажаа на очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жената без збор, со поглед, го упати кон средината на претсобјето. „Повелете!“ му рече. Всушност како да рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ама еднаш вели Мисајлејца, еднаш како да сум терала говеда на Пржница. Кај говедарникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку графички конвенции се учат во училиште (како писмото треба да изгледа, како да се напише адресата на коверта, како да се постави научен експеримент или математички проблем); но не се подарува внимание кон учењето на општите принципи на визуелната организација на јазикот коишто би можеле да се употребуваат во различни прилики, ситуации и технологии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се рекло, ако немаш спомени, нема за што да ти се задржи и како да те поднесе душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тука како да наиде на некоја пречка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас не знам. Се чудам како да одговорам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Толку сакав да ти кажам, а како да не сум ти кажал, вели и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
6. Се мислат како да ме префрлат во безопасна зона.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнав крај Земанек, а тој ме гледаше како да сум призрак.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и Џулија изгледаше како да е импресионирана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не проценувајќи ја точно далечината, плисна во лицето на брборливецот полна чаша ракија и опцу како да рика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оди кажи му дека ме заболе главата и...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А логотетот пребледе и се фати за срцето. И сите, освен Лествичникот, погледнаа в земја. Логотетот не можеше да земе воздух од изненадување; личеше како да ќе го удри кап. Побара чаша вода, за да се соземе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Движењето при станувањето му е споро, круто, оди збунето нерешително, но постепено се привикнува: поеластичен е, ги допира предметите за да се ориентира, да види каде е; застанува малку како да размислува што да прави, во која насока да оди; потоа тргнува со сигурни и точни движења како да е буден: ја отвора вратата од одајата и излегува; а ако е заклучена, ја отклучува; ако го нема клучот на вратата, оди кај прозорецот, го отвора, се фаќа за гранките од јаболкницата и по неа како мачка слегува во дворот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како да бил тоа сонот што го сонив ноќва во мојата стара куќа во Маказар, а не вистинскиот настан што го раскажувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпосле „Овоштарница“, но внатре плодовите беа вообичаени. – Постои ли во градов специјализирана продавница за јужно овошје? – Како да не! – се насмеа момичето со живи очи – Продолжете право, па по втората уличка на лево ќе избиете кај плоштадот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како да клепнале пресилно од големата болка и веѓите се наведнале, се надвиснале, се стуткале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, што сме испоседнале со нив вака како да сме на настава во природа?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите како да ја очекуваа козјата апокалипса!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Југословените, кои не се толку мнгоубројни како лани, изгледа како да го резервирале за себе хотелот „Славјанска беседа“, додека патниците од Запад најчесто се определуваат за „Рила“ и за најмодерниот софиски хотел „Плиска“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаат простор за маневрирање, а ние нема како да се испречиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама оттогаш комитите- комити ли беа, арамии ли беа - очиве не ми ги видоа. Како да потонаа, да ги лапна земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И неговиот глас повеќе не го препознавав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето седат на лединките и сега си кажуваат за ти реков, ми рече, за што било и поминало. Како да се покрсти излезени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Студот, како да го буткаше пред себе во неизвесност, го боцкаше со безброј ситни, невидливи игли, го тераше да чекори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како да е господ или свето лице ни зборува Андреја Тарковски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онисифор Проказник се истанчуваше како да истекува од маслосаниот кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Зоки му е многу тажно без Лидија. Тој не знае како да си игра кога таа не е со него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од куќите излегуваат здрави и болни, се извираат од под чардаците, се пореваат меѓу јалиците, како да излегуваат од земја, од никаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да ја гледам постелата од мртов, од изнесен човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очигледно таа не беше премногу израдувана, нешто како да ја гризеше црвец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дебелиот го гледаше со стиснати усни како да насетува нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сликата личи на некоја сцена: куќата со скелето осветлена, а просторот зад нив темен, не се гледа заднина ниту има длабина; како да се спушта темна завеса зад куќата. На опачината од сликата стои: 26. IX 1936, Будимпешта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога стигна на местото од кое допираше вревата виде само една толпа од околу двесте или триста жени како се туркаат околу тезгите на уличните продавачи, со трагични лица, како да се проколнати патници на брод што тоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да“ рече неволно, кисело Пелазгиј, а устата му се собра како да изел цела дланка дренки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури иако не наполно разбирлив, не барем за сите, и сепак со злокобно значење во себе, како да беше опасно да се држи под јазик, брзо се искплукуваше; секако, сеедно што за некои дојде привлечен и нов, ги присилуваше со магиска закана во себе да бегаат од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ги заборавив зборовите на амбасадорот Ерик Руло кој подоцна како патувачки амбасадор леташе меѓу арапските и блискоисточните градови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако веќе лежеше на плеќи, имаше необично чувство како да е соборен во таа позиција од некаков страшен, безболен удар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како дете Богдан најмногу го скаше изгревот, таа страна и тие далечини од кај излегува сонцето, а помалку страната каде што се губи сонцето; тоа како да го заплашуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како да не излегол никој од селото, како да не умрел никој од селаните. 177
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крај, си реков, ова мора да е крај, сега ќе излезе од зад некое дрво манијакот, убиецот, и ни парче од нас нема да остави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И сега пак така. Како тогаш. Не знаеш како да му се опулиш, како да му речеш, како да му пригодиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги гледам обајцата и се трештам: како да си помогнам, кој да ме научи нешто?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш потропувањето се повтори. Беше исто како да тропа човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Погледнувам во часовникот и почнувам како да ќе ме обземе паника. Треба да брзам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако се вели - лебами, лебами ти велам, на нејзината уста како да си го гледав животот, целиот свој живот и она што е секогаш до нас, а не можеме да го фатиме...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама како да се куртулам од овие фараони?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А Танаил продолжуваше да вади камења, да пука позачестено како да сакаше да му ја распарчи сосем куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И џвака, како да нема никој, како да е сам во собата. (Тој џвака, а децата подголтнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дрвјата како да играа балет, а снегулките како да ткаеја најубава бела сказна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знаеме како да се вратиме назад. Оди, оди пак на исто дојди. На исто место си се вратил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да се одржи еден слоган како „слободата е ропство“, кога концептот на слободата ќе биде напуштен ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вака стуткан и модар од муграта, не носеше со себе ни страв ни доверба. Како да не беше тој.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од друга страна, некои од нив изгледаше како да се во добри односи со чуварите, им се обраќаа со прекари и се обидуваа да добијат некоја цигара низ шпионката на вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислеше дека си како некоја карпа пред нив, ама, иако се викаат плашици, ич не се плашат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„А ти?“ гласот ѝ сугерираше како да ѝ беше побитно што сака тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Обединувањето на самите Американци по јапонскиот напад на Перл Харбор можеше да се смета за завршено, но пред американската администрација се постави едно крупно прашање, како да се обединат големиот број Американци од словенско потекло, кои претставуваа основна работна сила во индустријата на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога по неколку секунди се вратив во тоалетот, тетка ми не беше веќе таму сама - Кристина тукушто беше влегла и рекла „што смрди вака гадно?“ а потоа, кога јас веќе бев зад неа, „леле, што се случило?“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако не може точно да види, нејзе ѝ се причинува дека од спротива, недалеку од пумпата во дворот, од тремот на сниската куќарка, грдиот Радуле и неговата држанка Стојна како да ја исмејуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ајде, вели Уља, ама нешто како да ми се пресени онаму, на падинкана, на голоно. Како човек да беше, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш, Паца го наведнала погледот зачистувајќи си ја футата и истргнувајќи си го фустанот преку колената рекла, повеќе како за себе, ама добро да чуе Спиро: „Ете, како да е вистина тоа што се вели дека златен свети Наум е чудотворец!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина сакам да знам што прави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А се сеќаваш кога ја ондулирав за прв пат косата во Рим? – Како да не се сеќавам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Нозете го болеа. И главата, како да испил седум – осум лименки од пивото „Гардист“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Листенце, мое пожолтено листенце!“ - извика Надица, како да го повикува да се врати, но тоа се загуби во сивата магла од којашто ситно, ситно подврануваше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- „Што да видам“, праша мајка ѝ. - „Нешто имам на главава...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие најодвратен лек. Отпива малце.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како да чекорам по длапките на моите дланки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оваа величествена поема на Вињи, вистинска химна на борбата за живот и неумоливата смрт, Бургиба како да сакаше да ја покаже својата трагична величина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпрвин, како по правило, почнуваше Караѓозо, јако, темно мажиште со испакнати коски на лицето, со орлов нос, со брада која како да растеше дури и на очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да ти речам, Уљо, вели Огнен и шмрчка со носот од лутото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш тој, везден трчаше за да го фати, да си го врати, Вејкрпа, ветрогон. А трчаше како да носи радосна вест.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За момент помислив дека се обидува да ги разлабави јазлите на заедливоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ја прегрнеш неа, беше како да прегрнуваш дрвена кукла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само нѐ гледа онака, беспомошно, како прв пат да нѐ видел, што се вели, како да не нѐ познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да немаш што да облечеш, зарем не гледаш дека пантолоните ти се отпарани назад?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можам да ти го скршам вратот како да е морков.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КЕВА: (Влегува и гледа низ прозорецот.) Уште не стасал куќата му онемилела. Дома не му се влегува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Околу него куп празни чаури. Нозете му се одвоени од трупот. Како да сакале без него да побегнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да им се приближат на оние луѓе загледани во фронтот кои никого непознат не очекуваа од зад грб.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Косата незапирливо ми белее, капалките капат врз прозорците, столната полициски вперена – ги мачам чувствата но тие како да се скоевци.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Нешто, длабоко во мојата подсвест како да ме тераше да патуваме, како да нема повеќе време, на есен можеби ќе биде доцна…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Малиот принц ротира во вселената и се смее онака зајадливо, како да те поседува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бевме неколку девојчиња, измесивме баници но со лој.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едновремено се слушаше песната Килао ное, што Шабтај ја разбираше како да се пее на ладино: „Нему – велеше песната – нему му припаѓа честа и славата“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Божем она што помогнала таа да се случи морало да биде токму така и никако поинаку.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Токму тогаш Шишман здогледа пред себе едно згодно камче, ама како да се ведне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ПОЦКО: На здравје, куме, на здравје! (Му ја полни чашата пак со ракија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во огледалото одеднаш го забележав и братучед ми облечен во пижами, а зад него се наѕираше ситното телце на Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Денес пак станува повеќе збор за чудовишните варијанти на идентитетот, оној на изофренот, без сенка, без трансцеденталност, без друго, без слика, идентитетот на автистот, кој како да си го раскинал двојникот и си го голтнал братот близнак (напротив, „близнакувањето“ е некој вид на автизам за двајца).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како да играме за публиката која ѕемне, која масовно ги напушта салоните откако ќе заклучи дека не се затоплени?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас не знам што да правам со рацете: кај да ги држам, како да ги наместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како да си гледал во некое кандило, во некое сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На местото од Чана останува внукот на Петра чиниш како да се откачил од големата снага нејзина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со својата грациозност и безгрижност, тоа како да поништи цела една култура, цел еден систем на мислење, како Големиот Брат и Партијата и Полицијата на мислите да можат да бидат сведени на ништо со едно единствено прекрасно движење на раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И најсетне сфатив: седев во кафеаната „Зора”, а спроти мене седеше вистинската Дуда притоа со оној осет на неориентираност: како да почнува во овој момент да сфаќа дека пријателот од другата страна на масата всушност се враќа од некое долго патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Возот тресе, бревта локомотивата како да боледува од астма и сѐ оди пополека со денови, со ноќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се будалиме, како да се работи за отстрел на диви пајки, а не на војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој не знаеше како да се однесува на таа застрашувачка опсесија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам како да се откинам, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ај, не мочај пругоре! Оној како да ја собра ногата, бог да го прости!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му се стори како да го познава местото. Па се разбира!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да доаѓа времето во кое ќе се направи експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (вонинституционално миље) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Трчаше бикот кон кожарата и со таква сила удир со роговите во ѕидот што тој пукна и се свалка пред нозете, како да не беше од камен ѕидан и со години печен, туку како да е детска реденица, лефтерна сувоѕидица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да одам кога сум задоцнил со вас шашардисани и сплеткани!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќерка ти никако не можам да ја разбудам. Како да е падната во кома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не е така! - рече Гоце. - Тоа не е вистина! Јас знам чие е тоа масло!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го гледаш - со рака да го досегнеш, а со трчање никако да дојдеш до него. Како да бега пред тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да го стори тоа, кога во неа немаше ниту еден што би можел да врзе барем два дена, без работа? Како?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одиме нога за нога, кроце, како да демнеме арамија, па наеднаш ќе се свртиме и ќе речеме „здрув!“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Направи куса пауза, како да сака да му дозволи на она што го кажа да легне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Думал, мислел Силјан, како да прави, дали да им се јави, дали назад да се врати.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Шефот збунето ја гледаше мајка ми. Не знаеше како да продолжи со пописот, па рече: – Луѓе мои, па во ова семејство сѐ се измешало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како да меси тесто, темницата на сѐ му даваше поинаков облик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тие мене ме поучуваа како да уживам во тоа што сум млада, сама и независна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Учителката Вера како да го проследи мојот поглед, го виде и таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На третиот ден како да им потспадна огнот на децата. И, мене, ми подојде душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
НАЦА: Проштавај, чорбаџи, не сум видела, една мала дамка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Трите тетки како да пловеа секаде низ дневниот простор и немав начин да ги сопрам, а покрај тоа, како воопшто и да не ме забележуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Побрзај, те молам... Ја тргна пак гласот на Драган. Сашка како да се исплаши, затрепери.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да му кажам дека никој не прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се чу дека куршумот му поминал некаде низ градите и ништо не му скинал. Како да бил негов роднина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега како да имаа по една покуса нога, несигурно газеа по калдрмата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како да се ослободиме од нив, а да не ги навредиме? - Немам поим.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
6 Петтиот ангел од Откровението на светецот Јован Богослов од Новиот завет непрекинато и во паника дувал во долга труба од чиј сјај и водите ослепувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Девојката го прескокна и ги разгрна џбуновите, меѓу кои како да немаше пат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Офицерите како да се збунија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа се вудвоса во половината, со онаа безочна понизност што ја има само кај бедниот и кралски отпадок, а со жолтото здолниште како да ја смете земјата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бараше да се договориме како да најдеме начин да се зачуваме од бандите што идеа од Албанско.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Само се жалите! Предлогот ваш кој е? Како да се разреши сево ова?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Облаците исчезнаа, грејна едно сонце и над планината како да се истури чисто злато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трска, со тие негови долги нозе, за миг се најде крај Окомен и, како да гасне догорче од цигара, со петицата му ги здроби очилата поднати недалеку од него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Токо, чекај да те прашам: шо вели он, на шо ниет е, татко му шо му рекол од ка се врати или ошче крши жегли? — праша Неда и ја моли Тода да ја поучи како да се држи при оваа прва средба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сухов однекаде ви доаѓа од зад грб и ви зборува со таков тон како да ви прави услуга: -Овде почива правот на Михаил Матвеевич Херасков, угледен поет од епохата на дворските преврати...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред некој ден, на Штипскиот пазар на бофл роба, еден продавач на чорапи за мажи, си измислил како да го победи стравот од конкуренцијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
— Дури ја гледам, вели, како да се враќам дома...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И веќе со првата приказна за некаква квачка со дванаесет златни пилиња закопана во дворот на црквата “Св.Софија“ побуди таков интерес кај луѓето, што тие го следеа секој негов збор, како да се надеваа дека еве, секој миг ќе откопаат и самите некакво богатство и ќе се простат со неподносливата сиромаштија...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уморен од долгото барање, сликарот никако не можеше да се реши од каде и како да започне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да сакаше да ги исплаче сите непролеани солзи за големите луѓе од својата историја.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Изгледаше како да има карта во главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во состојба меѓу јаве и сон, борејќи се за секоја молекула воздух, Томо цврсто ја стегаше раката на Рада, како и самиот да чувствуваше дека мора да ја добие трката со времето, а тоа како да сакаше да му избега оддалечувајќи се молскавично.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше како некој да помина со крпа по сета белина наоколу и како да ги избриша со првиот замав сите тие превсенувања, сите тие бладања на неговите изморени зеници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како да сум под вода со главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама како да ѝ кажам дека времето ми поминало во правење автенце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од зградата излегуваше Викторија со „младите комити“ и со девојчињата од ритмичката секција, па сите ѝ честитаа, велејќи дека ги подготвила - супер! - како да се од детскиот центар „Карпош.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со таа дива билка што ја чувствуваше како да ѝ расте во грлото и во градите, таа ја пречека окупацијата.  Одново и одново: Ечи Жешов од човечки гласови и звуци под пролетната сончевина на фриволниот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се навалува пламенчето на свеќите, како да поддувнува топол ветер од градините, под црквата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овде некрунисан крал е неприкосновениот Тим Хортонс. Тоа е ланец на (не знам како да ги кажам) точилници на филтер–кафе, со дополнително пригодно мезе у облик на крофни алиас „донатц“ и жидовски ѓевречиња попознати како „бегалци“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не знам како да му викнам, како да му речам, што да му речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа е некој вид размена или интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А и труповите како да не се сосема мртви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Густо збиените на ридот куќи како да се креваа на прсти и се надвишуваа една над друга: секоја сакаше да се огледа во утринското огледало на езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се стори како да чу и придушено липтање...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога излезе надвор, Акакиј Акакиевич се чувствуваше како да сонува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Туку, - рече тој, - сакав да ве прашам од кое село преку планинава сте, ама бидејќи ни вие не ме прашавте подобро да се разделиме како да не сме се виделе. - Подобро, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како да пребарува нешто во темнината. Којзнае кое доба е?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури тогаш ми олесна. Како да ми се тргна нешто што ми газеше на душава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врвот бил важен. Како да има нешто за јадење, за пиење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со очајнички напор, како да кубе дел од сопствениот мозок, можеше дури и да го извлече тоа нешто на виделина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така и сега, којзнае колку време откако бате Јоле излезе надвор, Ѕвезда беше се загледала низ прозорецот и одеднаш, како да ја фркна нешто туку извика некако сама за себе: - Талеле, што е она?! - рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Сигурно ова е од огнот, вели Уља, сигурно огнот ѝ ја подгоре косата во коренот. Сега нема како да се држи, на што да се држи, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа наеднаш ја крева главата кон мене, ги исправа ушите и како да сака нешто да праша, за нешто да помоли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како што внедоапица дојдоа така пројурија низ окопите едни како да се жирафи гледајќи преку окопите, а други подведнати како изгладнети мачки глушец што бараат, се пикнаа во земјанката кај командирот, рекоа што рекоа таму и како што брзо се појавија така брзо се изгубија по истиот окоп назад.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како да му кажам дека го слушнав гласот на Никифор Абазовски. „Зар не можеше да почекаш да се изладам во гробот?“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се загледам во некое војниче и, наеднаш, над неговата глава, како да ме гледа лицето од Ангелета мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да одам со ручек на нива, ми тежи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, за чудо, тужбеното барање на Зефиќ беше одбиено како неосновано, а секоја странка беше задолжена да си го сноси својот дел од трошоците!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како да пијат вода од изворче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш на шега му соопштив дека уште малку ќе почнам да го гледам како да ми е брат со кој повремено се гушкаме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И така, така, ми угасна... Капинка моја. А како да не плачам?! Тогаш не можев, не ми останаа солзи. 169
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние, засрамени, не знаевме како да му кажеме зошто сме дојдени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Старата и дотраена 23-ка, која како да е така намерно наштелувана, гасеше на секоја втора станица и возеше со максимум 30 км на час, не можеше да ѝ го одземе на Јадранка тоа возвишено чувство што го имаше во денот кога таа го возеше својот џип.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа ги впери своите згрозени очи во неговите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работникот продолжи да се смее, како да не ги чу Велевите зборови, стружејќи ја со присторена равнодушност варта од една штица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И тетин ми како да се подисправи и одеднаш да се расони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- И велиш бездруго ќе не примат? – прашаше кој знае по кој пат Мече, вртејќи со глава како да не му се верува.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Насетував како му се будеа агресивните нагони кога од централата му сугерираа како да се однесува кон жртвата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Првиот пат ја покажуваш оригиналната, што тогаш си ја купил, а потоа фалсификатите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првин почна да ги чепка алиштата, како да бара болви во рабовите и во веѓиците, а потоа се загледа, нагоре, во гредите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Престојот во Атеистичкиот музеј како да траеше цел еден живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Постојано нешто твое ми недостасува, ќе ми вели Никифор Абазовски, како да не си сета со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
-Спушти ме мене, нахрани го гладниот јастреб! – инсистираше старецот, закотвен во скутот на Еразмо. -Како да го нахранам?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прашањето на колективизмот, то ест, прашањето како да се организира комуникацијата и да се овозможи соживот на различни автономни поединци внатре во заедницата, може да се реши на два начина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се попрашувам како да направам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Корисниците на компјутери учат како да си создадат приватни стварности, но најчесто тоа е осамен потфат. Седат сами и се ѕверат во „Сајберијата“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Изгледаше и како да има меснати образи од кои никнеа тврди, пластични жици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нешто ми се прислушува: во јалицана како да ми врват луѓе, а долу во пондилата првкаат магарето и кравата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Костумот и не е толку битен“, најде за потребно да објасни, но прозвучи како да се извинува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како да трчаат глувонеми луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помислив дека плаче. По сѐ изгледаше како да плаче.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Иване! Иване! Не гледаш? Се случува нешто!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
-Како да станам моќен?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како да сакаат да се вклопат во општото расположение, ракетните бомби сега убиваа поголем број луѓе од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама враќањето излегува на друго. Како да се искачувам по некои скали и скалите ме искачуваат повисоко од земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секоја коска да ме врти, како да е измрдана од лежиштето, од зглобот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш, како да се разбуди, ја крена главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не се смири додека не ја преврти целата чаршија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ гледаме занемени, замаени, уплашени. Не знаеме како да си помогнеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да јавиме ако некаде избувне пожар, да јавиме ако се случила сообраќајна несреќа. Но како да јавиме?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Јано! Не се прибира дома! - се уфрли Анѓа, - Како да се венчал со реката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ужасна екстаза од страв и од одмаздољубивост, од желба за убивање, за тортура, за смачкување на лица со ковачки чекан, изгледаше како да тече низ целата група како електрична струја, претворајќи го човекот и против неговата волја во размавтан и разврескан лудак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се раѓам јас и сите застанале да мислат како да ме одбранат од лошите наречници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сопругата Гзиме се смири... Бевме сите заедно, сето семејство во градината опколени од војниците кои нѐ вардеа без да знаеме од кого и зошто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше зафатен со мисли како да се избегне оваа опасност што се испречи пред нивниот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Фантастичното ја раздира површинската кора, па поради тоа потсетува на едрена точка; постои нешто што дури како да настојува да нѐ исфрли од рамнотежа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И после гори, црцори, како да топи сало в тава. Маки нивни, неискажливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слаб плач се истргна од градите на девојченцето. Слаб, немоќен, како да доаѓа од некоја бескрајна длабина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа го извади од пластичното кесе блокот со зелена хартија, го стави на работната маса, внимателно ги стутка пластичните кеси и ги фрли во кошницата за отпадоци, а потоа седна како да ќе пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа како да го надоместуваше со гласовите од радиото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Малку како да се одали од умот човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да не ме поднесува. И како да е непредвидливо.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Незнаејќи како да се справат со ужасниот свирач, решиле истиот да го пријават во полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа беше како да се обидува да направи потег на шаховска табла кога е веќе матиран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Задевањата на децата веќе не го навредуваа и за деда си не се плашеше. XI Токму тие денови комитите и повидните селани од Брезница со часови се советуваа како да го тргнат злото што ги поклопило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сврте кон нас и, охрабрена од нешто, продолжи: – Пред да го сторам, со вас, првиот чекор кон визбата, мене како да ме фати јанѕа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како да ја симна од облаците и ја довлечка од далечините за да ја има што поблиску до себе, а ако затреба и да се потпре на неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Италијанецот мавташе со раката како да диригира.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Риби, риби, рипчиња... Нежно и грубо, тивко и гласно - како да се препорачуваа секакви риби - кркушки, крапови, сардини, гласот шушкаше како вечерен навев - надоаѓаше, се разлеваше, се повлекуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А може и да сум умрен, вели, ама луѓето заборавиле да ме закопаат, вели и се притиска на градите, како да крие жива потполошка под дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А смртта токму нив ги одминуваше. Како да не ги сакаше. Дали ми веруваш?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оттогаш сите места што сме ги поминале заедно со Никифор, како да ми останаа маркирани во душава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да ѝ помогнам со врзани раце?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За шоферлукот и таксизмот Откако положив од прва, по земени 100 часови „вожња“, со укажување дека дозволата ми е дадена ептен за потреба, а не од чепат, знаев исто како да ме учел - никој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И оттогаш малечкиот Зоран како да стана голема и важна личност.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите како да бевме во некаков свет договор со тишината на старата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој лик е присутен речиси во сите или буквално во сите досега објавени осум книги од Луановата „Балканска сага”, но сега, како да се здобива со статус на одделна целина, на една автономија на достоинството па, се извишува налик на биљур врз поворката од останатите впечатливи јунаци на оваа проза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нешто како оние мои оне тонеча во потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ме чуди, зашто кога ја проверив, беше полна.“ Ќе се облечам“, додаде таа. „Изгледа како да заладува.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што јас тогаш си замислував, тој во Атарот разговараше и се договараше со дедо Господ, што и како да биде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И што да напишам, кога сѐ е напишано. И што да речам, кога сѐ е речено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оти којзнае зошто: секој ден некој умира, а бројот на живите како да останува ист.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто повеќе, како одговор на злобната насмевка на некои од присутните цивили (повеќето Европејци), јас нарочно ги раздвижив усните и давав изглед како да се смеам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Мислам. - Мислиш, а како да се двомислиш. - Не се двоумам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Знам дека те боли, му велам, ама не знам како да ти помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, како да се напијам, велам јас, гледај сето е жарје и пепел, да му бам мајката, еда, јас немам цедилка на устава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да ги приватизираат претпријатијата ако немаат пазари за своите ресурси?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отпрвин овцата одбиваше, клоцаше, бодеше, не сакајќи да го прифати туѓото јагне, но кога Бојан на ист начин како и со овцата пред тоа, ја стисна меѓу нозете и ја присили да го надои јагнето, овцата како да се прекрши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа како да е крај, татнежот како да ја разнесува и големата конспирација.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Замавнуваа една кон друга и се судираа како да ќе се борат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога влезе во првата куќа, седна, се колебаше не знаејќи како да почне и одвај, со триста објаснувања, успеа да им каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег“. (Адем го беше научил како да го ословува кога ќе влезе).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од тоа множество како да поефтинува и самата убавина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога се обрнало, тој забележал човек со невисок раст, во стар износен виц- мундир и ужаснато, го препознало во него Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Всушност, кога играте шах, тоа е како да правите план за нешто или како да градите некој тип на механизам со помош на кој добивате или губите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како да си ја изорал „Илинденска“ со рало или како да си расчистил шут од една срушена зграда што никнала, а не добила дозвола од власта на време (Ова дека ем ораш, ем плачеш, не за друго).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, средба со Французинката немаше како за инает.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дали сакаат сѐ да запаметат или не знаат како да се памети?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Застаната пред твоите испишани редови како да стоев сред продавница за слатки, во која пред мене истуриле голема кутија сјајни и шарени бонбони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неговиот јазик е чуден - туѓ, непознат. Со секој збор како да спласнува. Веќе и не го гледам зад масата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ТЕОДОС: (Од колибата.) Пју, ама било чисто! Ама било слама! Плева!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Емплфорт направи неколку несигурни движења од една страна на друга, како да мисли дека постои некоја друга врата низ која може да излезе, а потоа почна да се шутка низ ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам и како да го прашам, што се вели, целата сум сметена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Партиските затвореници секогаш молчеа и беа испреплашени, додека на обичните криминалци изгледаше како да не им е грижа за ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Буките шумолеа и како да му велеа: збогум Јакиме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
II Училишната канцеларија бргу се исполни со чад од лулата на Англичанецот кој постојано ја држеше в уста и испуфнуваше полека, рамномерно, како да врви мало, минијатурно вовче или како да се поткрева капаче на малечко тенџерче ифрлувајќи пареа и издишувајќи; префрлувајќи ја лулата од едната на другата страна на устата, полковникот Стивенс испуфнуваше само со крајчињата на устата; чадот имаше пријатна миризба како на тукушто покосено сено и стркнато со роса.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Е, кога ми е посладок сомунов со тан-алвава, бре браќа, им велел на другарите си, како да јадам од дома ’ржани леб?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Има посебна сигнализација за сообраќајот - внимателно ѝ објаснуваше Саво како да беше некој кустос, кој знае да ги објасни сите детали за Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да бевме лепрозни! Како да носевме на бродот чума.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да му се обраќаш на туѓинец што случајно се нашол во собата, и само слушаш како повторува: „Чорт јево! Чорт јево“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А потоа Зоки сам си скина една цреша и долго време ја задржа во својата рака, нежно и меко како да држи малечко пиленце.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас останав стаписан, како од гром погоден, занемен. По неколку секунди таа како да се прибра.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Едната буква од вертикалниот ред беше падната, а долната штангла, напречната, искривена и целиот круг малку поднаведнат на едната страна, како да потклекнал под тежок напор од другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потем го извадија мојот есеј, под шифра „Соломон 909“, го ставија на маса, и рекоа (поправо Луција рече, но тоа беше исто како да кажал и Фисот); „Господине Јан Лудвик, дали е ова ваш есеј?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега и јас не знам како да направам: и го сакам, и, жалта по Никифор не ми дава да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Потоа како да се поднасмвна и повторно ја погали: - А можеби е и добро... - рече.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Камилски инсистираше на нови наслови, но Татко остана на своето нагласувајќи: Ако ја најдеш книгата на Вајсман, тоа е како да донесеш цела библиотека за јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тревата околу нив шушкаше како да пука сама од себе. „Минатата недела најдов погоре детелина со четири листа,“ му рече таа и зафрлувајќи ја главата се загледа во небото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се пропрекрстија и продолжија како да бегаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И префлајќи ја војничката торба преку рамо, појде пред него нишајќи се со широките плешки како да се пробива низ сплет од гранки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Дадаизмот, пишува Жорж Иње (Georges Hugnet), е нејасен: се сомнева во сѐ и не се сомнева во ништо, како да не разбира дека му ја задушуваат смеата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како да беше скршено едното крило за лет кон Истанбул.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турската империја е гнила! А ние! Ние трпиме и молчиме како да сме жени и баби!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во црквата има фрески: Рождество на Богородица, Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, Успетие на Богородица, но од времето и незаштитеност фреските се многу оштетени“- заврши Теми, видно возбудена, со движење како да си ја трга бујната коса, а што ѝ беше прибрана на тилот и прицврстена со широк стегач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Цели бозје креваа биковите на рогови. И потоа се затрчуваа и се удираа со челата, како да кршат камења. Насобраните луѓе само подзинуваа со устите, подзамижуваа со очите. 41
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знае како да ме истера од дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војниците ја однесоа масата на ледината и чекаа капетанот да им каже како да ја наместат. Ја ставија пред врбјакот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ТЕОДОС: А, па да ми отидат дома! Што да правам сега Арсене?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Небаре да сум се искачувала нагоре, кон Млакине, во Присојон и како да сум го загубила редот во дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас пак, како да сум пропаѓала во некоја длабока тиња, вели Дуковица Вендиоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сега се сеќавам на нив, долги како стршлени, тенки на средина, небаре конец. Лазат една врз друга како да косат. Со двете раце ги удирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Целиот процес изгледаше како да се протега бескрајно долго - со недели, можеби - а паузите меѓу сесиите траеја понекогаш со денови, понекогаш само еден или два часа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Газеа внимателно како да се прикрадуваат кон нешто зашто сепак не беа сигурни дека овој татнеж е она за што тие се досетуваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Првпат забележав колку му се дебели и влакнести образите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше тоа еден простран, светол сон, во кој целиот негов живот како да се протегаше пред него, како пејзаж во летно попладне по дожд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под тежината на нејзините чекори подот непријатно закрца. Како да се распаѓаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како да летнам сега кај него?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не мина ни час. Просторот се ослободи од военото и полициско присуство, од транспортерите, тешкото наоружување. Како да не случило ништо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Фала ви што дојдовте да ми кажете како да се викам, вели Дуко Вендија, што е ова, друга вера, а?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа страшно ќе ја задоволи, како да ѝ ја даруваш последната роза или ја водиш на бесплатно патување со времеплов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ја оттргна од себеси со што е можно поголема љубов и ја остави на милоста и на немилоста на Херкулина, која ѝ скокна од зад грб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како да се иставам, господе, како да се оддалечам од детево?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ѝ кажав за далак пупање кај да оди и за Одобрено дете што да прави, ако е детето само занесено и само да спие: да му намачка малку мед на модро книже и да му го врзе на папочето и ѝ кажав како да му го врати сонот на детето, ако му е земен од месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Времето минуваше. Залезот на сонцето го облече пејзажот во ново руво. Синевината и таа како да заоѓаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ми студи! - плачливо одговара Ване и се мршти како да има во устата кисело диво јаболче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби, тоа е висина на духовен растеж до која сѐ уште не сум стигнал, но јас, ако задоволството од прочитаното, виденото не го споделам со други, се чувствувам како да не сум исполнил суштествена обврска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ми зборува човекот како да не е со сите тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се изждрига шетајќи по гаќи, ја изжабурка устата над чешмата, ја фати перницата под брада и истиот час загрчи како да заструга јазлеста цепаница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На сите како да ни олесна и сите си велиме: имало господ, ги виде гревовите наши, се смилува и ни прости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Останаа уште триесет и четири запреги, без бегалецот со обетка - еден терач помалку од таа бројка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бојан не знаеше што да прави со рацете. Му трепереа. И забите му чукаа. Како да е сред зима.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По тоа одеднаш, како да излегоа од тунел, кога испловија на широко водно пространство, ги залеа светлина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не знам и јас како да речам? Но, безразлично 61.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градските раководители, навикнати секогаш да работат по директивите на повисокото раководство, колку и да сакаа да бидат самоиницијативни немаа конкретни иструкции како да постапат со козарите и со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чувствував оган на срам под кожата на лицето: во моето грло како да стружеше црцорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се направи како да не го слуша. „Смит!“ повтори гласот погласно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа, исто така како да доаѓаше некаде надвор од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
КАТА: Ништо, ако не да вечераме, пак може низ вечера ќе ни падне на ум како да направиме. Што ќе речете?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Нејзините гради и детулето вредат исто колку и оние на вашата хероина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Присуствуваме на паниката на една моларна патријархална организација на „единство”, која веќе не знае како да ја одржи на едно место старата структура на општеството и да ја препречи новата, молекуларна, која се навестува и наспроти патријархалната волја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Колата тркаше по каменистиот пат и се нишаше како лаѓа на бранои, де на едната де на другата страна, како да ќе се преврти.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А трчаше и покрај река, како да сакаше и реката да ја завтаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да дознае колку од сево ова е лага ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, како да зинам да пеам, што се вели, кога пеел усрамен човек?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјата на гробот беше црвена, мокра и таква како да е гмечена со галоши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа брзо му ги стисна врвовите на прстите, но не како да изразува желба, туку како да бара разбирање од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ќе го стрелаат!“ - помисли Трајче. - Како да му помогнам?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што сега? Шумеше таа крв. Како да одговорам?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А храброста ти била коцка: како да го свртиш зарот, на твое ќе излезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка мигум замолче. Нешто како да ја сепна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Просто не ме слуша. Како да не сум тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Никогаш не враќај се по истиот пат по кој си дошол“, рече Џулија како да му објавува важен општ принцип.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Брат ми е „манијак”, „болен” по кока-кола и секогаш се однесува како да е таа негова лична сопственост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Меѓутоа, следната сабота, веќе заздравен од страшната посета, Сатурн се врати во санаториумот со мачката облечена исто како и тој: црвено-жолта мрежеста поткошула на големиот Леотард, полуцилиндар и развиорен плашт со кој изгледаше како да лета.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А дедо ти, а? - А дедо збркан како и ти! Како да се свртел светот!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите земни лиоти како да идат по нас: и гуштери и змии, убаво видов една змија како ја поткрена главата пред нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знае човек како да се опули, од кај ќе му помине стравот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да се протолкува вистината на луѓето во ова запрено камено време, вистината за минливоста, крај оваа вечна река што се влева во блиското медитеранско море?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа, кога ќе дојдеше време да се вратиме во нашите соби, болничарите го фаќаа Хајнрих под мишките, и тој се подигнуваше, па потоа тие со рацете го бодеа во грб, и тој чекореше, механички, отсечно мрдајќи со нозете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Погребот мина брзо, безшумно, како лет на лилјак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но како да им објаснам дека не сум авијатичар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но смртта како да немаше време уште за еден чекор да ми се доближи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со главата е во калта, како да наѕира колку е длабока надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лазор замавнува со раката и ја трга кожата надолу како да слекува мокра кошула. 174
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А како да ги оттргне од курвите и коцкарниците?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како да се целеше на крајот да се бетонира и самата душа на народот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас, пак стенкам, напињам и се држам под папокот, како да вадам ножови од него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Заскитуваше меѓу јасиките, го слушаше тихото шумолење на нивните трепетни жолти лисја, како да слушаше некоја волшебна музика, а потоа спокоен се враќаше кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јаболкничето се ниша, ме гледа со окцата, како да ми се лути. А многу убави јаболка раѓаше, мискојна мирисаа јаболката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И од тој најширок спектар на емоции во една референтна рамка или основна архитектура на менталниот живот во чии темели се посветеноста, чесноста, лојалноста, грижата, одговорноста, самодовербата, сочувството, љубезноста, трпението, трудољубивоста, смирението, воздржаноста, хармонијата денес како да е отсечена сиопсата, врската со емоционалните центри во мозокот со што се предизвикува хаос во процесите за расудување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само кога ќе се случеше да ја стави дланката на ќелавото теме, изгледаше како да се сеќава на уништеното лице што го гледаше од огледалото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оттаму и мојата додатна согласност на погребот да присуствуа секој што ќе пројави желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Камионот е наместен, капакот отворен, а војниците се чудат како да ги качат мажите така, на купче, врзани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што ми зборуваш така, ѝ велам на Уља, оти ја слушам, а како да не ја слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како да се префрлам и јас кај политичките, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Фискултурецот постојано запишуваше, а Луција се однесуваше како да не ме познава).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ова, за наликувањето, не го реков со лоша намера туку бидејќи ти заблазнувам“, објасни како да се каеше Огнена и со насмевка на виновност побрза да си ја прибере раката од коленото на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму чамци и бротчиња се белеат среде водата што спокојно тече.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- А можеби и не беше погреб. - Вујче се однесуваше, како да заминува на одмор. Таков впечаток понесов од разговорот со него - реков.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стоев пред мама како вистински виновник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А сепак, каков-таков, човекот ѝ бил домаќин и маж".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дедо Алексо го затекоа сам. Не ги очекуваше посетителите, уште помалку момчето од градот, па отпрвин се збуни, не знаеше што и како да зборува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои луѓе отворија чадори, други потрчаа по засолниште како да дојавале лично четирите коњаници на Апокалипсата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- А ти како да си се исплашил дедо? - некако пецна Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, таа знаеше како да си ја фати прекрасната костенлива коса и да ѝ даде убава форма, имаше префинет вкус како да се облече, како да комбинира бои, дезени и штофови и да изгледа беспрекорно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И со друг глас, како да не беше негов, Јани рече: - Изгинаа сите, го нема веќе водот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Точно е дека нашето општество е поделено на слоеви, и тоа мошне строго поделено, и по линии кои на прв поглед изгледаат како да се наследни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не се јадеа ако не се жешки, но потоа ставивме и урда, па така се почувствувавме како да сме дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во рацете држат чеканчиња поткренати нагоре како да се закануваат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Си зборува како да е тука, пред него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ХРИСТОВ: За тоа време, мила, ти не треба да се грижиш за мене, јас... како да речам... јас ќе се наоѓам на сигурно место и... воопшто за сите работи ќе се грижи ЦК.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Легнав и гледав веднаш до мене како да врне дожд од куршуми од митралезот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Може, како да не, си мислев и сркав од чорбата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како да се повторуваше по којзнае кој пат балканската варијанта на смртта на козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа ноќ баба беше многу возбудена — час тажна час среќна, како да чекаше некој голем и тежок празник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Како да прави „метании“ — длабоки поклони при молитва, по колена влегува во колибата, која е ниска.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Последново време не знам како да разговарам со тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Простор-око За сето време додека се мислам како да ги опишам претходниците на зборот – аватарите неподатни, а плотни за сето време неправедно што ми е дадено одеднаш за сѐ просторот се упатува накај мене и опфаќа сѐ како катаклизма - тој да има каде, јас да немам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во малиот и несреден двор, пак, влеговме низ една искривена железна порта која со чкрипењето навестуваше дека некој доаѓа, па уште пред да си го изодел каменото патече кое водеше до влезната врата, тетка Марија стоеше потпрена на рамката од вратата и го зафаќаше скоро сиот хоризонтален простор од што беше дебела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој не мереше контракции; тој месеше како да си тесто и, дали од страв или од некоја друга причина, двете со Споменка, како мисирки сокриени под покривките, тивко си плачевме и ја проколнувавме идејата да бидеме чисти.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога неочекувано ме здогледа во огледалото пред себе, прво како да се сепна, но бргу потоа се прибра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некако, во последниве години, ова како да ми тапка во место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се зголемуваше купот на насобраните речници, еден врз друг тие како да претставуваа вистинска балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ти студи? Како да не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вистинската слобода отсекогаш била мултиколоритна и повеќе зависи од бојата а не и од кројката на фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како да ќе ми прекапе јачменот трчам, летам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во деновите на почетокот на светскиот судир, во САД живееја околу 15 милиони Американци од словенско потекло, кои со себе ја пренесоа националната и политичката разединетост од старата татковина, што беше една од основните причини за постојаните несогласувања меѓу иселеничките словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едниот е, како да открие, против негова волја, што мисли другото човечко суштество, а вториот е - како да убие неколку стотици милиони луѓе за неколку секунди, без претходно предупредување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да сакаше да има отстапница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не знаеше како да се движи на таква музика и како скаменет стоеше во место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ми олесна кога другарките си отидоа. Кикиритките што ми ги донесоа веднаш ѝ ги дадов на Марија, мојата цимерка со две болни уши, која нема таков проблем со јадењето како јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тропотот на коњите баботеше низ селото како да јури коњица.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лесно е да се каже, ама како да се спроведе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што одам кон брачната соба или , не знам, ѝ приоѓам на жената в кревет, минувам кај кујната,како да минувам и, таму, гледам едно куче и три мачки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да, базиликата Света Софија, по своите обележја, како да го потсетуваше на судбината на својот народ, на своето семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
СПИРО: Море, јас нему ќе му дадам еден ум како да си ја земе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го гледам целиот тој предел како да ми е на дланка, но истовремено тој е колку една ледина на која јас како да сум дојден на викенд.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но во спалната соба добрите парфеми ме смирија, и белите огледала, нежно-жолтите перници, многу скапоцености што знаат да го разгалат човека, но коишто како да се забранети и платени од решителноста што никој не би ја признал, па едвај и вие, што сте без корен...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Решавањето е толку едноставно, на пример, како да си поминал еден единствен мост. - Еден мост!...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како да им објаснам дека многу потешко е да немаш свое ,тешко".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дождот стануваше уште посилен, како да врне пред снег. Брзаа колку што можеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одат така по клавишите, како да си ја втасуваат среќата своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, нивните процеси на расудување треба да се извршуваат индивидуално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ама, уште кога ме виде како да се сети на нешто и почна да му се враќа плачењето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Звукот на телекранот беше намален до тивко мрморење; густината на темно-синиот килим под нозете оставаше впечаток како да газиш по сомот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу, под наши очи течеа бледомодрикавите или жолтозеленикавите води на реката, а ние како да се наоѓавме на катарката на бродот кој пловеше во времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Настана силна смеа и непријатноста предизвикана од влегувањето на Винстон како да исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Танаскоица како да не сфати што направи, после се интересираше да не е болна од нешто штом така блуе, па ја подучуваше да се варди, да се облекува топло оти ова мокро и магливо време е многу лошо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Насетувам како да станува потежок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И дење и ноќе рика како да го колат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Како ти се ќерките? - го праша. - Добри се, сполај ти, - рече Коте малку како да е навреден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го отна чепот како да активира мина и му го подаде бинлакот на Геро, не да му припука во рацете колку да го вкуси на устињето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сознанието дека таа е таму, неосквернавена, беше речиси исто како да се и самите во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А зад ковчегот тенка колона луѓе потемнети од планинското ветровито сонце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Бев вџасен. Префектот изгледаше како да го удрил гром.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четивово е, всушност, „Разработен проект во неколку чекори за тоа како да си најдеш маж“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во главата му шумеа зборовите на командантот, а во душата го болеше: сета надеж, сета онаа одушевеност, со која што утринава дојде овде, пропадна и како да се потопи во матните води на блатото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И не знаеш како да се браниш, вели, дали да ѝ ги нашнеш кучињата, или да ги запреш да не лаат. 109
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да им објаснам дека јас, и да не ги гледам по нив ќе пукам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Собата изгледа како да паднала бомба во неа: пивски шишиња насекаде, со нив и едно празно шише виски, два пикавци од џоинт, сметката за електрична струја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие мислат само како да те купат и колку да те продадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На пример, вие сте застанале крај гробот на некоја исчезната позната личност, за која некогаш нешто сте читале, но токму што - тишина; вие стоите, слушате како над главата ви воздивнуваат темните крошни, како вознемирено гака јато врани и едновремено се потсеќате - тоа и е моментот за изненадување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Студот како да го беше смрзнал и неговиот осет за време.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Па, како да ти објаснам, - рече. - За да вршиме сами некои поголеми откопувања, немаме средства, а летово тоа и не ни е најважно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од понеделникот до петокот така. Во петокот, кај пладне, како да се поврати детето од неевестицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со него како да разговараше темницата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да ја одбранам првобитната вибрација?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како да слегуваше од тие темни височини заедно со снегулките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Замавта со раце како да тераше муви и занемена, со рака покажа на гробиштата. Забрза чекор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како да го заборавам неговото мало муцунче, неговата мека кадифена козина, ишарана со два реда бели дамки, неговите витки ноџиња со жолти копитца на врвот? Како да го заборавам?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Липањето ми го прекина и трет истрел. Ми се причини посилен од првите два и многу поблиску како да е до нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја крена главата и како да рече: „Гледаш? Ти велев?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа ќе се вртка околу тезгите, преправајќи се како да бара врвки за чевли и конец за шиење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние децата ја сакавме како да ни е наша баба, зашто нашите вистински баби останаа зад границата, едната жива, другата почината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние ли сме во бесконечноста ниту центар, ниту власт ниту гуска, ниту јајце Ние, од тлото што не сме се одлепиле ние, вистината што ја мразиме како ѓавол ја истеруваме масовно ја каменуваме и ја однародуваме ние, што наредуваме кој да ѝ се обрати на јавноста и како да се опише „стварноста“ за да го слушаме - барем додека сме живи - она што ни одговара Сонцето мора да се врти небото да биде недостижно Земјата мадра.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не постоеја докази, само краткотрајни погледи што можеа да значат било што или ништо: делови од прислушнати разговори, бледи чкрабаници по клозетските ѕидови, еднаш дури, кога двајца странци се сретнаа, едно мало движење со рацете што изгледаше како да може да биде знак за распознавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да беа правени од иста тајфа мајстори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наближуваше пладне. Селото беше пусто, како чума да беше влегла во него и како да покосила сѐ живо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не можат да се погодат, како да го поделат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со години ве учам на ред и чистота — ништо! Како да учам ќутуци!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Остануваше само нејзината уста што пропушташе по некој лаф, ама и тој лаф како да не доаѓаше од неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Барам нова ракија, а овие ме гледаат како да ја барам крвта нивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Партиските затвореници како да се плашеа да разговараат со кој било, а најмногу меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Не знам, како да пропаѓаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А, ние дввајцата, Бреза и јас, кога заспиваме без приказна, се чувствуваме како да сме напуштени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стариот се смеел... Не знаел како да ја изрази својата радост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас напнувам уште еднаш и нешто како да ми се скина, како да ми се одврза од трбушката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со цигарче во уста, кое како да не се смалува, и до колена во езерото, Мики, упорниот рибар, со блинкер фаќа мренки и кркушки, запечени пастрмки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како да се најдовме на истата патека зашто во следниот момент ја слушнав мојата забелешка за смртта на Самоников изречена токму од него: „Имам слушнато” објаснуваше тој “дека понекои злобници тврдат оти љубовта кон Јана била причина за неговата смрт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Жените веќе се пуштаат и се гледаат, како да се сретнале по многу години.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата куќа така замириса како да беше градина со расцутени трендафили...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да се гледам себеси во неговата младост. Еееех...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И двете веќе два месеци како да се наоѓаме во карантин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пак или пак како да сум во некоја филозовска метафора.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега не сме во строј, а чекориме како да сме во строј...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гласот му беше плашлив и кога протестираше, тоа го правеше придушено како да потиснуваше нешто во себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јавата како да се надоврзувала на соништата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
-Времево како да сака да врне, се чувствува напнатост во воздухот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како да си пливал против струјата која те враќала назад, независно од тоа колку силно да си се борел и потоа како да си свртел и си се препуштил на струјата, наместо да ѝ се противставуваш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Писмата личеа едно на друго, како да беа напишани во ист ден, а понекогаш како да беа продолжение, 100 и прво,од белградските разговори.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа плачеше кога ми ја соопшти оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ништо не го боли, а тешко му е и мачно, како да го притискаат сите камења од Чукарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ние веќе го прежаливме јадењето, како да ни вели, уште кога ве видовме, го прежаливме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ета лаж, вели Фирсов, а лицето му светка, како да носи маска, двојна кожа, безбоен лак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што точно лежи во разните дефиниции или замисли и идеали за прашањето како да се биде геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знам како да излезам, како да ја искачам нагорнината. Потерата ни е зад петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не знам кај да избегам и како да му се опулам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само треба да знаеш како да се вслушаш и да умееш да ги откриеш местата по кои шетаат).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само знам дека е така, дека некаде преминувам мост во истиот миг (но не знам дали е истиот миг) во кој момчето на Ривасови го прифаќа чајот и си го мести најдобриот израз на кретен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Огнена почна да се тетерави. Како да стои во чамец што бранот го подзел в рака.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очите ги чувствувам како да сум ги тркалал во крупен песок, видот ми е замаглен. Налудничав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како да не им зборував ними!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто надоаѓа како да доаѓа од бестрага од кајшто заоѓа сонцето кајшто земјата и небото исчезнуваат како играчка зафрлена во потонот на баба?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа како да го разгневи султанот, па кога повторно прозбори, гласот му беше наполно изменет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А Хајнрих гледаше без да ги помести зениците, како да нема ништо околу него, како и него да го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни се чинеше дека многу одамна се познаваме, а и тој се однесуваше така како да нѐ познава од памтивек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Павле се притесни. А жената како да се изживува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Спасое се сликаше како да чита весник, иако весникот беше наопаку отворен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но како да ја изоставиме и сегашноста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја допира со раката, ја пофаќа, како да си го допира татка си; му се рони, му остануваат ронатинки од молци што ја издупиле оставајќи ѝ рани.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И ме гледаше како да не сум јас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Трикот како да се постигне ова може да се научи како и секоја друга ментална техника.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка ѝ не знаеше како да ја изрази благодарноста кон него, што ѝ ја врати ќерката, здрава, дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да му влегла под кожата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко и Камилски како да славеа пред да бидат среќни, пред да слават победа во замислената мисија, свесни дека дури и некаква фаталистичка сила би можела да ги оттргне од среќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само како да исчекорам до таму.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Децата наближија до вагонот. Го гледаа така како да е тој најголемото, најчудно чудо на светот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Војничето ја погледна замислено. Беше јасно дека таа му бега од сценариото. Не знаеше како да се однесува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само еден господ го знае местото што не може да го најде смртта, ама како да го прашам господа, кај да го најдам да го прашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Гробници, Наполинки. Како да живееме во капитализам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Освен црвеното петно, раката беше толку побелена, што изгледаше како да е излеана од гипс.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да ѝ кажам дека не се одбира време за тоа. Никогаш не се пребира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Надвор кучиштата лаат подивено и како да бркаат нешто налетуваат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога ни се преплетуваа телата, неговото тело се однесуваше кон моето како кон подвижен предмет; кога ме гледаше, како да гледаше во нешто неживо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Денот е со многу повеќе светлина од другите досега, ама како да се вратени во она февруарско утро од пред четири години, само што се чини дека ова не е гаковската станица од калната рамна земја! гласно размислува Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше можно, дури помисли така зашто одвреме навреме нешто како да му ја скокоткаше ногата - како да има и некое поголемо парче корка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас им давав совети на дада и нејзиниот сакан, како да ја одржат врската под контрола и сѐ да биде супер.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На моменти се чувствував како да говорам пред бронза во човечки изглед.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арно, го напишавме, ама како да се доближиме до Хрушчов?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа стратегија го има за цел создавањето на нови субјективни позиции а исто така одговара и на прашањето како да се пронајдат нови модели за себството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вознемиреноста расте. И еве како да ја достигна врвната точка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И ние одоколу вртиме. Кажуваме, ама се плеткаме, тревлиме. Не знаеме како да кажеме. Е, вака, така, некако нѐ разбра жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам, по ова негово последно искуство, за кое не забораваше да напомене дека било премереже поттикнато од маглите на судбата, како да ја кладе под себе својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И наеднаш водичот ја крева раката свртувајќи им го вниманието како да крева меч: „И во тој убав и безгрижен живот, некој од луѓето во крчмите свикал: Погледнете, луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како да не ја носат сликата своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да немаше повеќе потреба за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го донесоа во болница изгледаше како да не е при свест.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека го закопуваа Илка, тоа стоеше настрана и гледаше кон гробот на Илко. Испушташе глас како да цимоли.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Клекнува крај неа и со прстот ја отпревртува. Бубалката стои за миг како да не верува дека е отпревртена, дека е пак на нозе и наеднаш збрзнува кон тревките и се крие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)