како (прил.) - ѓавол (имн.)

Имаше луѓе кои постојано бараа спас од демонски сили, но не од оние кои се претставуваа себеси за такви, туку од, за нас другите, невидливи ѓаволски суштества: плукаа во воздхот, бегаа пред воздухот, удираа во воздухот, му се закануваа на воздухот, врескаа преплашено гледајќи во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како трет, како ѓавол; со очи вжарени, сулфурни, како од пеколот да сум“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако настанеше по тоа пречкање, тој знаеше да се врти како ѓавол.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Петре Даскалот наш тогаш нѐ учеше на сметање, а од сметањето бате Јоле бегаше како ѓаволот од први петли.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)