како (прил.) - ангел (имн.)

Ја слушам твојата душа како тивка музика, нежна песна во пролетно утро, како мил детски глас, глас на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Низ прозорецот му долетуваат бели пеперутчиња како ангелчиња и чекаат да му ја вознесат душата на небото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По овој пат, во самарот на нашиот мал црвен коњ сместени двајцата, јас и роднината Вана, убава како ангел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тие предвечерни часови, по молитвата, таа повторно се чувствувала како ангел (во себе и за себе), просветлена, босилочна, темјанеста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас те сонив како ангел, како златокрила птица, која лета кон плавите хоризонти на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не како крал, туку како ангел кој ќе ја понесе во царството на сласта во бескрајот, на кого ја посвети подгорената песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)