еднакво (прил.) - на (предл.)

Тоа е еднакво на испорака на другиот кој станал совршено непотребен во програмираното управување со животот, бидејќи оди во прилог на автархијата на поединечната клетка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Воодушевувањето е еднакво на вода плус душа, свежа изворна, поривна. Насушна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Занимавањето со андерграунд уметност во транзицијата беше еднакво на самоубиство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Моите три... еднакво на мир Наутро отворам очи покрај моето сонценце, на пладне ме грее насмевката на ангелот мој, навечер ме заспива смеата на месечината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Накратко, никогаш не сум сретнал ниту еден заколнат математичар кому може да му се верува надвор од равенките и корените, или кој потајно не верува дека x2 + px е апсолутно и безусловно еднакво на q.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)