воопшто (прил.) - ќе (чест.)

Тоа се единствените резултати што воопшто ќе ги видите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во обете семејства, сопругите и децата на несудените балкански ориенталисти, беа загрижени дали воопшто ќе заврши ловот по старите ориентализми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку и да настојуваа Татко и Камилски да ги убедуваат своите сопруги дека работат за иднината на нивните деца, тие стануваа уште позагрижени да не ја жртвуваат нивната сегашност!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По првиот настап на Велветите во Л.А., сите се прашуваа дали Велветите воопшто ќе успеат да отсвират полни три недели, а критичарите пишуваа работи како: „Велвет Андерграунд би требало да се вратат во андерграундот и да повежбаат уште малку”, но Велветите продолжија да ја свират својата болна, њујоршка музика, иако „изигоинг” Л.А. едноставно не ја ценеше.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веројатно заради тоа овој албум и Девојките од челзи, кои се појавија истата година, и ја носат истата атмосфера.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Отидовме да го гледаме на сцената на Ахмансон, прашувајќи се каде ли воопшто ќе го сместат оркестарот во тој малечок театар...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но најмногу од сè ме притиска мислата дека сум заминал во мисија и со внатрешна порака што никој не ја разбра и прашање е дали воопшто ќе биде разбрана во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го возбудуваше и прашањето дали воопшто ќе го најде и сопственото име.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За да се воздржи од своето љубопитство, колку што можеше побрзо телефонскиот именик го фрли на задното седиште во колата, но цело време, предизвикувајќи му возбуда, во главата му се наметнуваше прашањето дали воопшто ќе најде некој друг Едо Бранов освен себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Чаршијата е уште затворена и страв владее меѓу населението, така, и покрај настојувањето на властите, не се знае кога и дали воопшто ќе може да се поврати мирот и спокојството“144.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе се врати, се напрегнува, зошто би го држеле и натаму кога соработува, а признанијата не го теретат ама баш за ништо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па денес, оние обичните седат, навистина во релативен спокој зашто е воено време, но седат на слобода, по своите домови, а тој е втурнат во немир, на работ од растројство, затворен тука, толку далеку од семејството на коешто којзнае кога и дали воопшто ќе се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И дали воопшто ќе остане забележано Колку новороденчиња ждригнаа од неизмерна радост Кога првин на плоштадот Пела во Скопје А потем и на безимениот плоштад среде Галичник По цели дваесет и три века се споија две енергии Под високото покровителство на Александар Велики Македонски?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ученикот студено рече: – Понизно те молам да ми го покажеш исчезнувањето и појавувањето на розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зошто ја лажеш Асенета, кога добро знаеш дека е сосема неизвесно дали нешто воопшто ќе се случи и што може да се случи следната среда во градината на спомнатата кафеана?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Читателот лесно ќе погоди дали е вистинскиот, дали е токму оној кој единствено може да успее, ако, кога навечер ќе прилегне да ја чита оваа приказна, ќе се присети дали неодамна нашол некаде во тревата, или на улица загубена обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како воопшто ќе ја воскреснеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единките ќе умрат, како и секогаш, но нашата историја ќе стаса толку далеку колку што воопшто ќе ни затреба да се загледаме во иднината, и со сознанијата од нашето постоење од сите времиња што допрва ќе дојдат, ние ќе ја сознаеме вредноста и оттаму и одговорот по кој отсекогаш сме трагале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)