високо (прил.) - да (сврз.)

Пиколомини го запалил Скопје, вели, и се искачил од високо да го гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А излезе дека тој пак пошол за да се искачи на некој замислен врв од Маказар над своите поранешни соселани и од високо да гледа на светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
II Прво се изјазив како во детските игри малку игнеиплик и малку ушка високо да ја гушкам но снагата ми се претвори во сатар и секира што трчаат по стеблото разбегано по полјаната.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пливај и ако ја сретнеш рибата што знае високо да скока поздрави ја од дедо Гога.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)