Мноштво божурики се извишуваа и се вееја од двете страни на Пазарџиски Пат, а над нив, над јаганцата и житјата, високо во воздухот и до под самоти небо, зуејќи и црцорејќи сноваа инсекти и птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но не можеше да објасни како и од каде можела да се појави толку високо во планината во тоа зиморливо утро.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Перса ја отвори куќата, ги лсна светилките, една блесна и врз масичето закачена високо во гранките на јаболкницата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Високо во воздухот, се позлатија и пламнаа кубињата од црквата Свети Климент.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Си замислуваше дека од осаменикот горе во поткровјето, високо во ветровитата куќа, може да го чуе само дишењето, бавните вдишувања и издишувања, како од некои правливи мевови.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Високо во воздухот се распрснуваа тробојни ракети, се раѓаа со татнење и умираа треперливо и шушкаво во изгаснат лак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Имаше и една прекрасна снимка на една детска рака како лета високо високо во воздухот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во мислите се движеше од едно место на друго и се обидуваше, според чувството во телото, да утврди дали е нацуцулен високо во воздухот, или пак е закопан длабоко под земјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Онака џуџест по раст, изобличен од омраза, тој со едната рака го стегаше вратот на микрофонот, додека со другата, огромна шака на крајот од долгата тенка рака, гребеше заканувачки високо во воздухот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)