чуден (прид.) - размислување (имн.)

- Чудни размислувања. Интересни идеи. Но дали се тие дело на твоите уверувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали им веруваш на обвиненијата што ги изнесуваш и како воопшто се движиш под товарот на толкуте сомненија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)