чуден (прид.) - мисла (имн.)

И чудна мисла ме фаќа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекогаш беше и интересно, тоа старче, имаше понекогаш и вакви, чудни мисли, и кога не ќе беше видлива од зад тоа неговата рачичка, тогаш Змејко можеше и да го слуша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа старче знаеше да остане на своето дури и кога имаше и такви, чудни мисли, а тоа често ги имаше нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)