чуден (прид.) - бев (гл.)

Чуден беше тој Јован Аиноски; со ништо, ама со ништо не си сличеше на другите свои соплеменици, поблиски и подалечни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За разлика од нив, кои беа средни по раст, цврсти, црномурести и решителни, Јован беше висок, огромен, русокос и папушлав скиталец во европејска облека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој продолжи да чекори без да запре. Чудното беше што во тоа време, во сонот, зборовите не му оставија голем впечаток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чуден беше патот на овој голем војник и државник во своето време.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да видиш колку чудна беше топката!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чудна беше таа глава со мускулести вилици, широка во брадата, тесна во челото покриено со црна остра коса. Држејќи го паднатиот и го кошна со нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но чуден беше тој.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Човекот беше испотен, а од Дрина доаѓаше студен ветар; пријатен и чуден беше допирот со топлиот изделкан камен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Григориј Иванович гласно воздивна, си ја забриша брадата со ракавот, и почна да раскажува: – Братче, јас не ги сакам женските со шапки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чудна беше и семоќна пролетта во нашата градина!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)