сочен (прид.) - трева (имн.)

На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пругоре стрмнина обрасната со ниска сочна трева и млеч и погоре – гола се извишува планината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сега тоа беше пасиште и ливада, обраснати со сочна трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нивниот ридски спокој, во пролет, кога се обрастени со ниска и сочна трева, од памтивек па сè до крајот на последната Голема војна, и некоја година потоа, (пред што луѓето беа натерани во колективи, и пред што, потоа, откако властите ги растурија колективите, емиграцијата ги изгони по градовите и низ светот), го нарушува мноштво стада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гасне една младост, гасне едно тело. чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите. сочност, зеленило, шаренило буи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Заштитени се иглолисни и дабови шуми, планински пасишта со сочна трева и ретки цвеќиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ко да летав на Марс чинам занесена не осеќав нежност во тоа патување сал болка која силно пече, боли гасне една младост, гасне едно тело чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А едно утро на уште зелената и сочна трева, блескаше првата слана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)