Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Е, сега, поврзувањето на мажествената убавина и на мажествената гламурозност со општествената надмоќност, сериозност, сексапилност, достоинственост и романтичност може да ви се стори сексистичко и политички ретроградно – веројатно затоа што е токму тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше 15 мај, топла четврточна вечер, првиот свечен ден на Европскиот месец на културата Љубљана 97, онаа културна манифестација којашто настанува под закрилата на Советот на Европа, политичка творба која својата присутност на светската мапа ја зацртува и за помалите, неважните, зависните, подредените, банана држави.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Салата во тој момент занеме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И Хејс и Перлис имаат само една цел, без оглед дали се свесни за тоа или не: да најдат основа за обезвреднување на секое негативно сведоштво за да можат безбедно да ѝ се вратат на менталистичката интерпретација на „виртуелниот” систем - интерпретација којашто самиот виртуелен систем никогаш нема да ја избори затоа што еден симболички систем мора „по дефиниција” да е способен да ја понесе целосната тежина на една систематска интерпретација.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Поконкретно, Хејс сугерира дека Серловото свесно одлучување при имплементирањето на симболичкиот систем, иако тоа резултира во една каузална реализација на сите состојби, регулирани од сите правила, е на некој начин погрешен вид на каузалност! okno.mk | Margina #3 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)