свој (прид.) - фабрика (имн.)

Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Просечната плата исплатена по работник кај странските директни инвеститори изнесува околу 16.150 денари, за разлика од просечната нето плата исплатена на ниво на држава која изнесува околу 21.400 денари.2 Најдобар пример за ваквата ситуација е изјавата на првиот човек на компанијата за автобуси Ван Хул, која има своја фабрика во Република Македонија, дека тие инвестирале вкупно 30 милиони евра, но дека повеќе од половината (17 милиони) биле всушност субвеници дадени од страна на Владата на РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)