Си купи и една ока круши од некои мелничани што ги носеа своите производи да си ги продаваат на овие доброволни маченици во Ал-Шари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Меѓутоа, како што вели тој, треба да се вложуваат напори за да се приближат до цената на светскиот пазар, за да не ги пласираат своите производи под цената на чинењето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Скопскиот производител се покажа само со два свои производи: трпезариска маса со столови, во стил, и со една дневна соба, наменета за самци и за хотелски објекти.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Би правела избор на своите производи и би си кажувала себеси: ова е добар производ, засили го, или повтори го........
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Можеби е точно дека Бугарија ќе најде пазари за своите производи само во Централна Европа, но додека во светот се врати слободата на меѓународната трговија, Бугарија ќе има потреба да увезува стоки од прекуморските земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Најдобриот излез за Западна Бугарија би бил Солун или, ако не, Кавала.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, на својот многу англиски начин, Сандерс е дел од тивката психоделична револуција што се случува и тука и во САД во последнава деценија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За разлика од шеесеттите, ова е помалку бучна револуционерна реторика, а повеќе е истражување и собирање информации, тивко поврзување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Попладне одеше по куќите и таму ја нудеше својата стока, а благодарејќи на авторитетот што како сиромашен но чесен човек во општината го уживаше татко му, Јаков со своите производи ги снабдуваше и битолските синагоги и некои од еврејските здруженија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)