свој (прид.) - мотив (имн.)

Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа, имено, е контура на една од скулптурите на голите херои коишто се наоѓаат на олимпискиот стадион во Рим изграден во времето на Мусолини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Безизразноста на тоа поле панел, 201х133 см, 1993 станува уште попарадок­сална ако знаеме и за една историска референца врз основа на којашто Хјум ја формирал својата со грб свртена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)