негов (прид.) - фабрика (имн.)

Тоа беше законот според кој секој капиталист имал право да спие со секоја жена што работела во некоја од неговите фабрики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Писмото од неговата фабрика, известувањето, сигурно веќе му е во џебот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)