мал (прид.) - тркалезен (прид.)

Неговите иследници не беа повеќе оние разбојници во црни униформи, туку партиски интелектуалци, мали тркалезни луѓе со вешти движења и со блескави очила, кои работеа на него во смени што траеја - не беше сигурен, но претпоставуваше - по десет или дванаесет часови без прекин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во длабочината на ресторанот, на мала тркалезна маса, во придружба на Јурак, млад човек, висок, облечен во фармерки и кафеава кожна јакна, со очигледна загриженост на лицето седеше Илона од Прифатниот центар за странци, а веднаш од десната страна на влезната врата Азра со ракоплескање ја пречекаа шесте жени од Центарот, пред тоа живо расприкажани со Тихомир од Друштвото “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Низ малите тркалезни дупчиња на кафената картонска кутија, што беше на масата, пилињата исплашено ѕиркаа однатре.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше во форма на мал тркалезен мермерен споменик, со отворче во средината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еден смешно долгнавест ковчест келнер му притрчува и Арсо се сместува на мала тркалезна маса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Добредошле“, рече со туѓ глас и виде дека се гледа од мало тркалезно стакло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А настапија денови кога има за што да се разговара, нели?“ го прашува тој по сè изгледа татко ти и уште се двоуми каде да седне, на миндерлакот или на столот од онаа страна на масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)