мал (прид.) - мој (прид.)

Добив писмо. Драга Бреза, голема, мала моја, Размислувам на почетокот од моево писмо дали да ти се извинувам за големото доцнење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали ти имаш некоја своја љубов, дали некој ти се допаѓа повеќе од другите, и ти нему?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бреза, голема, мала моја, во нашиот крај девојките на твоја возраст веќе почнуваат да размислуваат за мажење и си одбираат момче што ќе им се допадне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отидов дури до Млечен, те барав насекаде, гласно те викав по улиците, каде сè не бев, дури до Црквичето во темниците сум бил.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голема, мала моја, не лути се што вака ти се обраќам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На ист начин често ѝ се обраќав на Миру, зашто понекогаш ми се чинеше дека е мало девојче, а понекогаш голема, возрасна, паметна и зрела девојка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Глупаво мало мое девојче – ме прегрна – нема место за загрижување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште си многу мала и вкусот допрва ќе ти се развива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ех, мала моја Брезичке, да знаеш само колку многу се загрижив за тебе!