мал (прид.) - парченце (имн.)

И така, една вечер еднаш неделно, Винстон минуваше по четири часа во парализирачка здодевност, навратувајќи едно на друго мали парченца метал кои веројатно беа делови од запалка за бомба, во една промајна, лошо осветлена работилница, во која удирањето на чеканите мачно се мешаше со музиката од телекраните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве сега ќе видиш...сепак го разврза тоа мало нешто, извади од џебот на елекот малку црн леб, го кршеше лебот на мали парченца, па со макање во нането, касна колку еден – два залака.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И колку и да беа гладни, или колку и да беше студено, малите колибрија го одбележуваа својот дел од храната со срцепорачки откршувања на мали парченца, како да сакаа да кажат мало благодарам за големиот извор на нивната гозба крај прозорецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги издроби на мали парченца и потоа ги потопи во канчето со вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некои од нив речиси сосем ќе ги истуткаа и ги фрлаа, а други ги кинеа на сосем мали парченца. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од што ги кинеше ливчињата прстите малку ѝ се обоија на врвчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)