мал (прид.) - одаја (имн.)

Низ која ѕирка и проѕирка се вовлекла, кога такви во малата одаја каде што лежеше Лена Липовдолска, немаше?“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпосле се притаи во малата одаја, го отвори невестинскиот ковчег и од него, со ред ги извади и раздипли шамијата и кавракот, мантата и полката, долникот, бојот и пешкирот, скуталото и некои други везении и ткаенини.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И, како да не му ја запалија куќата, се врати во малото одајче, од кое последната вечер, испраќајќи го, жена му плисна по него вода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште при последната преселба, кога се вселивме во оваа куќа крај реката, Татко реши своите книги да ги смести во малото одајче крај чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Летото кога се појави глувчето во малата одаја на новата куќа, беше тешка горештина и страшна суша.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)