мал (прид.) - куќа (имн.)

1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мали куќарки, во кои алхемичарот на Прага во Храдчани се обидувале да прават злато за чешките властодршци. Во куќарките сега се продаваат сувенири...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите жители на Долнец, по изградбата на браната, биле преселени во Б. и им биле изградени мали куќи, една посебна населба, ја викаа гето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од малите куќарки покриени со турски ќерамиди, сѐ уште како доточка од казан ракија, се цедеше снегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Излезе од малата куќарка едно младо, стројно војниче, со нарамена пушка, кое држеше еден клуч поголем од кубура.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Ти водам уште еден, бабо Цвето, — промрмори Бајракот и веќе ја отвараше вратата на малото куќарче од Јордан Алимаска, кое одвај се држеше плитар на плитар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Притоа, во тој воведен дел професорот го беше навел како потврда местото, (предел околу Пчиња), и името (Наум Светиев) на самотникот, сопственик на мала куќарка, надвор од градот, во непосредна близина на викендичката на професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
— Белким не — ја утеши Бајракот и седна на миндерлакот во „убавата" Јорданова одаја, па и се обрна на старата: — Викни го нека излезе побратимот, го бара еден од неговите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)