Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дикинсон очевидно е пасиониран консумент на Досие Х, како и на другата СФ продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дикинсон препознава дека ваквите појави се узор за остварувањата какви што се ТВ серијата Досие Х која се покажува како „креативна употреба на параноја“.14 Масовните хистерии се составен дел од масовната култура - дури и еден од нејзините најважни аспекти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во корубата беше направена една стрелка на патоказ, а под неа со несмасни букви во поцрвенетото дрво, стоеше: „ПАТ ЗА ИДРИЗОВО“.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)