друг (прид.) - глас (имн.)

Но ние веќе добро го познавме нивното мекање. Ова беше друг глас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од радиото сега ечеше друг глас. – Другари и другарки, работници и селани, класо, го слушавте соопштението на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тој со своите остри уши бараше друг глас. Него сега го интересуваа гласовите на клопотарците и ѕвонците што беа екнале по целата рудина и, смешани со кавалските звуци и кучешките лаежи, го исполнуваа целиот простор на сите четири страни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Нема таков човек што може да го издржи тоа, - повтори со друг глас што се исконтролира до шепот, но сепак од претпазливост се обѕре околу себе и не ги испушти реверите на Боге, кој стреснато гледаше во него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постоја така заслушан но другиот глас не се слушна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Симче се мачеше да разбере нешто од тоа викање но не можеше. - Со кого ли зборува? - се прашуваше и се мачеше да дочуе и друг глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се прочу глас дека преминала, дека е упокоена, друг глас велеше дека е болна, трет глас дека некој ја силувал и ја претепал, па таа лежела во постела болна, искршена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа прегратка ја чувствував, навистина, срдечно, искрено, но брзо потоа се извлеков од нејзините раце и истрчав на улица, а во ушите како некои други гласови да ми долетуваа однадвор, мамо, мамо...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега се одзваа од многу блиску и сите други гласови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова е другиот глас, од сиот свет, што е со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
О'Брајан не рече ништо. Зборуваа два други гласа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но другиот глас не запираше ни за миг, дури и кога девојката ќе прозбореше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога најпосле застана, тој со нешто подруг глас, со некој глас што не го познавав ми рече: - Малечок Леме, слушај ме добро, ќе работиш тоа што ќе ти речам, - проклет да бидам, тоа беше сосема друг глас, чинам му гореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еден друг глас во мене шепнеше: - А како ќе живееш без место Леме, ќе бидеш слеп, сакат, несреќен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Слушав од јамата наблизу еден друг глас, глас на утка, постојано ист, иста птица, ист зов.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го кренав телефонот, а тоа, друг глас. Слушам, вели: Мајко, ти си? Јас молчев. Мајко, ти си?, повтори тој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сите што беа будни го чуја гласот, ама ниеден друг глас не се залепи за него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа стигна и гласот на Дине Бочаровски што ги надгласуваше сите други гласови Ајде, влегувајте сега!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мудурот сега зборуваше сосема со друг глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Сноп, сноп, сноп — се слушнаа друга гласови на селаните.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој нареден глас влегува во играта пеејќи ја главната тема, и притоа е често придружен со секундарната тема од некој друг глас, додека веќе влезените гласови продолжуваат да еволуираат зависно од имагинацијата на авторот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
АНГЕЛЕ: Два живота нема, без еден не се може, а само со еден не оди. (Го вади гулабот.) Лека ноќ, Панта. (Со друг глас.) „Море марш будало една”. (Со својот глас.) Немој така Панта. Утре ќе биде поарно!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И наеднаш еден друг глас небаре ко гром се растури над ливадата: - Станвајте!!! - падна зарипната команда, се испокрши од стеблата и се изгуби во шумата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И со друг глас, како да не беше негов, Јани рече: - Изгинаа сите, го нема веќе водот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие гласови наоѓале поткрепа во други гласови, според кои тефдердарот му рекол на денот пред Ѓурѓовден на својот готвач-христијанин на 6 мај да не доаѓа на работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)