Голема зима, велам. Голема, вели Горачинов, и Русија е голема. Сѐ мора да е големо во Русија, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше голема секира и голема лузна на челото и име кое сите го благословуваа, во големите зими покрај огниште.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во големите зими Тој не ја оставаше сама: ќе ја поведеше за рака и ќе ја водеше од куќа в куќа, ја седнуваше покрај огништата на селаните, за сама да ја почувствува светлоста на сопствениот пламен низ кој исчезнуваше.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Имаше големи зими, и имаше голем снег кога куќата на ридот од Профим ќе се затвореше целата: со еден снег што озгора паѓаше, и со друг што оздола растеше, кога кучињата риеја со муцките да си направат пат од едно место до друго, кога кокошките ќе се запретаа во него и не ќе можеа да се одлепат како пеперутка од мед, кога луѓето со лопати секое утро ја ринеа истата патека што водеше од куќата до плевната или сокакот, ослободувајќи ја од новиот снег што напаѓал ноќта, - но оваа зима и овој снег, ниту бил, ниту ќе биде, велеа луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ми даруваш за секој прст по еден студент прстен, големите зими во нас така се вселуваат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ја живеевме тешката, голема зима на 1949 година.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)