според (предл.) - политички (прид.)

Прилог ~кон ~~ ~ ~ сшашисшикаша Од сто луѓе коишто се` знаат подобро - педесет и двајца, несигурни во секој чекор - речиси сите други, подготвени да помогнат, доколку тоа долго не потрае - дури четириесет и деветтемина, секогаш добри, бидејќи поинаку не можат - четворица, можеби и петмина, склони без завист да се восхитуваат - осумнаесетмина, доведени во заблуда со младоста што изминува - плус минус шеесетмина, со коишто нема шега - четириесет и четворица, оние што живеат во постојан страв од некого или нешто - седумдесет и седумина, 192 okno.mk способни за среќа - најмногу дваесет и неколкумина, поединечно безопасни, коишто здивуваат во толпа - сигурно повеќе од половината, окрутни, кога околностите ќе ги принудат - подобро да не знаеме дури ни приближно, мудри после штета - не значително повеќе од мудри пред штета, оние што од животот не земаат ништо освен добра - триесетмина, иако би сакала да грешам, згрбавени, заболени и без батериичка во полумракот - осумдесет и тројца порано или подоцна, праведни - прилично, то ест цели триесет и петмина, Маргина 37 193 ако таа црта е поврзана со напор за разбирање - тројца, достојни за сочувство - деведесет и деветтемина, смртници - сто отсто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бројка, којашто како ни досега не се менувала. Wislawa Szymborska 194 okno.mk Маргина 37 195196 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓу бурните уметнички случувања во првите триесетина години на веков што изминува, експресионизмот има(ше) свое сосема посебно место, и тоа како според политичката контроверзност што ја предизвикуваше (од една страна обвинуван како некаков мистичен предвесник на национал-социјализмот, а од друга, токму „изопачените” експресионисти најмногу страдаа за време на фашизмот), така и според уметничките содржини што ги носеше, необично спојувајќи ги романтичниот и мрачен дух на 19-иот век со револуционерните промени на многу полиња во почетокот на 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)