„Депресиво манијао“, со објаснување дека истата настанува како последица на недостаток на литиум во крвта, а кој мора по секоја цена да се прима секојдневно до крајот на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не би сакал ниту да задоцнам ниту да згрешам! ѝ велите на Јана и се однесувате како некој да ве испратил токму тука за да ја пресретнете и да ѝ го тутнете в раце токму ова навистина шугаво прашање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Подготвувам прилог за мојата емисија во врска со годишницата продолжувате со објаснувањето што никој не го бара од вас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со моето откритие на несвесното, со објаснувањето дека токму оној дел од нас кој ни е скриен и непознат, ги одредува нашите мисли, чувства и постапки, јас сум на пат да го сменам светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По оваа несреќна околност, Божиновски се решава да ја тужи битолската експозитура на „Кјуби“ АД за осигурување и реоси- гурување, за неисплатениот „минат труд“ без да бара враќање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поучен од претходните случаи на вработени кои тужеа за изгубените работни места и кои добија, по што беа вра- тени на работа, но притоа во знак на одмазда им беа поставувани „невозможни“ услови и/или беа прераспределени на места надвор од местото на живеење – тој беше решен да си замине од компа- нијата, но да го побара сето она што му следуваше за последните три години (оти паричните побарувања од плата застаруваат за три години).3 За да има доволно докази, тој првин се обраќа до компанијата – со Приговор дека неправилно бил отпуштен со повредени материјали и работнички права – по што, тој добива повратно Писмо како одговор кое, пак, понатаму во парниците го приложува како доказ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Божиновски не потпаѓа на овој притисок и одлучно одбива да ја потпише изјавата – за која верува дека е класичен случај на уцена – со објаснување дека веќе води спор со компанијата, и дека таквата изјава би била целосно невистинита (т.н. лажна изјава).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)