Македонскиот народ редовно секој понеделник некаде после десет часот ноќе седнуваше пред телевизор.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Седеа пред телевизорот во задушливата трпезарија и пушеа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога бев со него пред телевизорот, забележував дека е сосема отсутен и дека, всушност, неговиот поглед од зад мене вкосо лежи на моето рамо и на мојот профил.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Земи сега читај некоја книга, немој да окапуваш пред телевизор, како што си знаеш, и сè да гледаш, и што било и што не било, тие дебилните квизови, тие глупостите, очите да си ги расипуваш за џабе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа вечер семејството вечераше во дневната соба - Дејв јадеше на каучот, Сузан на послужавник во нишалката од трска, а Ренди на подот пред телевизорот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мајка ѝ ја скршила ногата во Франција, се лизнала на снегот пред куќата, а секогаш носела високи потпетици затоа што така била навикната и кога носела нормални ниски чевли ја болело целото тело.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
По раскошниот десерт, седнуваат пред телевизорот и одеднаш почнува некој француски филм.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)