Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се определив, во оваа потрага по лавиринтите на сеќавањето позасилено да трагам по јунаците Картагинци, кои си ја наложуваа мисијата да бидат еден вид спасители на судбините на малите народи пред големите, во меандрите на власта и минливоста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)