Во својот живот таа мораше да се соочи со сите противречности на балканската историја, од верска, од етничка, од јазична, од традициска, но и од секаква друга природа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се разбира, значењето на оваа фотографија е токму во тоа што нè прави свесни за овие наши потиснувања.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со таа метафизичко-религиска „инверзија“ маниристите на сите времиња по сѐ се дел од традицијата за нив особената принуда на изразување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Извесно е дека само чекор го дели пантеизмот на “магичните” маниристи и “панлогизмот” на “мистичните” маниристи, како што е еднаква оддалеченоста и помеѓу “деформацијата” на Понтормо и Макс Ернст и “анаморфозите” на париските минималисти и апстакциите на Пол Кле.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Маргина 37 177 на една неуспешно потисната комичност, но и на едно реинсценирано задоволство како некаква потемкинизација на смртта.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)