Внатре таквиот систем, којшто секако е систем на институционална контрола, сепак се одвива комуникација, и уште повеќе, таа може и да функционира во нејзините рамки, а да не ја загуби својата препознатливост и традиционалната „бунтовност“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е критика на корпорациите воопшто, а од друга страна изложба на виртуелни тела што можеме да ги избришеме само со еден потег ако ги прекршат правилата или ако самите пак посакаме ново тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Исто така, таа е парадоксална со оглед на медиската изложеност на глобалната поп- култура која, иако воспоставена поради својата „употребна вредност“ или, повеќе, „прометна вредност“, сепак функционира како дисплаѕ-роба со која сме маѓепсани и кога која било можност за поседување ни е вон дофат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Самото тело, така, во допир со високите технологии има некаков статус на последна територија, која е присутна како територија на дистанцата, територија на чистото овде и сега, коешто никогаш не ќе можеме во целост да го опфатиме, туку секогаш само низ перспективата на неговата деконструкција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)