над (предл.) - цел (прид.)

XIX. Сега беше пак неговиот јужен ветер и Змејко можеше просто да го види од својот прозорец него како заседнува над целиот свет и над Белата Долина, завладувајќи го со своите топли здивови до безостаток целиот ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А јас, качена на бината, зборувам за претстојните борби, ,напред за обединета Македонија", гласот ми грми низ звучниците, ми се растура над цела Битола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од она, што го пиштеше сега неговиот глас, оптегнат како полна напната струна над целата Бела Долина, излез не постоеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)